Select Page
Информација за достапност на  Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца и информација за одржување на јавна расправа

Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца и информација за одржување на јавна расправа

Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/2014, 44/2015 ,129/2015 , 39/2016 и 99/18) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца, со седиште во село Беличишта бб, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито “ во општина Дебрца.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга . 

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Дебрца.

Во прилог спроведената Оцена на еколошкото и социјалното влијание од проектот за обнова на коротото на река Сатеска за пренасочување во нејзиниот природен тек изготвен во согласност со Социјалните и Еколошки стандарди на УНДП (кликнете тука).

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

 

Јавната расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: ““Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца ќе се одржи на 

  • 25 февруари 2022 година  (петок), во Подрачно основно училиште во с. Волино со почеток во 11.30 часот

 

Контакт лица:

Управа за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk

по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица  

бр.3, 1000 Скопје.

 

Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје   

тел: 02 6142 209, 076 298 297,  е -маил: contact@maneko.com.mk

Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Почитувани во прилог линк до Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.

Притиснете Тука за да ја погледнете целата содржина

Притиснете Тука за да ја погледнете целата содржина

Известување за јавна дебата за проектот- енергетска ефикасност во јавниот сектор / општина дебрца

Известување за јавна дебата за проектот- енергетска ефикасност во јавниот сектор / општина дебрца

Врз основа на одлуката на советот на општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање под-проектот:

“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”.

Поднесената апликација е прифатена и следниот чекор е одржување на Јавна дебата со заинтересирани граѓани, на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.

Јавната дебата ќе се одржи на ден 27.01. 2022 година / четврток/,  во салата за седници на советот на општината, во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот.

На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници.

Градоначалник,

Зоран Ногачески

Соопштение од ЈКП Дебрца

Соопштение од ЈКП Дебрца

Се известуваат жителите на село Горенци и горниот дел на село Требеништа дека денес и утре, 19 Јануари ќе има прекин во водоснабдувањето.
Причина се работите на поврзување на новата водоводна линија, кои ги врши изведувачот на работите на изградбата на автопатот, фирмата Синохидро.
Ве молиме за разбирање.
Директор, Димче Андрески
Ј А В Е Н   О Г Л А С  За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

Ј А В Е Н   О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2022 година, број 01-2119/10, од 24.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 работник ,ракувач со механизација ( универзален ровокопач, мини ровокопач, трактор со мулчер) и 1 работник, ракувач со моторна пила и секач на огревно дрво, за времетраење до 12 месеци, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи),Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво- кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договор склучен со Јавно претпријатие за државни патишта.

  1. 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени  лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок и тоа за ракувачот со механизација во износ од 850 денари  дневно, а за ракувачот со моторна пила и секач на огревно дрво во износ од 700 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

 

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае три дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување  Охрид, односно до 30.12.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2022 година

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2022 година

На денешната 3-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година.

.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2022 година.

Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2022 година е проектиран на износ од 112.000.000 денари.

Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.

На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2022 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.