Select Page
Градоначалникот Ногачески оствари средба со учениците од ОУ “Дебрца” кои учествуваа во Еразмус + програмата

Градоначалникот Ногачески оствари средба со учениците од ОУ “Дебрца” кои учествуваа во Еразмус + програмата

Вчера градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески ги прими учениците и наставниците од О.У.Дебрца кои реализираа посета во Бургос, Шпанија во рамките на проект од Еразмус + програмата.

Моите гости ме информираа за импресиите кои ги носат од посетата на Шпанија, а јас им ветив дека и во наредната година ќе ги поддржуваме сите активности на Основното училиште.- изјави градоначалникот Ногачески по спредбата

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2019/2020 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2019/2020 година

 

Потребните документи можете да ги спуштите на следниот ЛИНК

ОУ Дебрца доби донација од 150 м3 дрво за огрев

Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба.

Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво.

Со работна сила од Јавното комунално претпријатие и ангажирани работници согласно годишната програма за јавни работи досега се обработени околу 150 метри кубни и огревното дрво е транспортирано за потребите на Основното училиште.

Со донираното огревно дрво се обезбедуваат количини за греење на Основното училиште за најмалку две учебни години, со што се заштедуваат околу 600.000 денари.

Заштедените средства со Буџетот на општина Дебрца за 2020 година ќе се пренаменат за инсталирање на централно греење во зградата на училиштето во село Оровник.

Се интензивира реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта

Се интензивира реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта

Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на општината и државата.

Тргнувајќи од таа цел, од почетокот на мандатот моја заложба е да го подобриме квалитетот во образованието, како и условите за работа.

Продолжуваме да инвестираме во образованието и во оваа прилика Ве информирамe за Проектот- “Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “, кој е во тек на имплементација.

Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори .

Вкупната вредност на работите изнесуваа 3.075.504 денари, а средствата, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој за 2019 година, по поднесена апликација од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а преостанатиот износ ќе се обезбеди од општинскиот буџет.

Бесплатна ужинка за сите ученици во ОУ “Дебрца” и оваа учебна година

Бесплатна ужинка за сите ученици во ОУ “Дебрца” и оваа учебна година

Од денес продолживме со мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат ја воведовме минатата учебна година.
Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година.
Средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.
Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците.
И оваа година продолжуваме и со другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училишните спортови.