Select Page
Kонкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2023/2024 година

Kонкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2023/2024 година

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број  5/02) и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија, број 01-108/1, од 02.02.2024 година,  Градоначалникот на општина Дебрца објавува :

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2023/2024 година

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за студиската 2023/2024 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија .

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1.да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;

2.да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 ,  а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;

  1. да не повторувале година во текот на студирањето;
  2. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
  3. да се државјани на Република С.Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2023/2024 година за сите студиски програми.

-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2023/2024 година   ( оригинал );

  1. Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
  2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
  3. Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  4. Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се согласува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Фотокопија од индексот;

  1. Копија од трансакциска сметка на студентот.
  2. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 27.02.2024 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на студиската година.

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  10.03.2024 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Прилог Пријава и Изјави:

Пријава – Изјави Студенти

 

                                                                                    ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Исплатени средствата во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња”

Исплатени средствата во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња”

Во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња” Од Буџетот на општина Дебрца исплатени се По 5.000 денари за секое прваче запишано во ООУ “Дебрца” или вкупно 135.000,00 денари, на учениците им посакуваме топло Добредојде во образовниот процес како и успешна школска година.

 

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Пред утрешниот почеток на новата учебна 2023/2024 година денес приреден беше свечен прием за 27 те првачиња од ООУ “Дебрца”.

Посакувајќи им топло добредојде  во светот на знаењата, на првачињата  градоначалникот Ногачески им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.

Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира  заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

И во оваа прилика изрази  благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца.

Среќно првачиња!

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Почитувани ,

На ден 31.08.2023 година во 10 часот во просториите на Општина Дебрца градоначалникот Ногачески  ќе им  подели училишни ранци и прибор на идните првачиња во,,ООУ Дебрца” .

Учебната година започнува на 01.09.2023 година со почеток во 08:00часот.

Среќен почеток и добар успех во новите школски денови !!!

3-та Работилница за Екосистемски услуги- Снабдувачки услуги од Белчишко Блато и начини за нивна проценка

3-та Работилница за Екосистемски услуги- Снабдувачки услуги од Белчишко Блато и начини за нивна проценка

На ден 10 август 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ – СНАБДУВАЧКИ УСЛУГИ ОД БЕЛЧИШКО БЛАТО И НАЧИНИ ЗА НИВНА ПРОЦЕНКА

Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.

Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава.

Прилог

Агенда

 

Свечено  отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија

Свечено отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија

Вечерва свечено беше отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија.

Градоначалникот Ногачески поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакна дека 38–те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца.

Основоположниците на колонијата пред 40 тина години можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба , која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.

Општина Дебрца останува партнер на новото раководство на уметничката колонија во нејзините заложби да се врати стариот сјај на една од најстарите ликовни колонии во Македонија.