Select Page
Исплатени средствата во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња”

Исплатени средствата во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња”

Во рамки на мерката “Добредојдовте првачиња” Од Буџетот на општина Дебрца исплатени се По 5.000 денари за секое прваче запишано во ООУ “Дебрца” или вкупно 135.000,00 денари, на учениците им посакуваме топло Добредојде во образовниот процес како и успешна школска година.

 

Започнаa градежните работи за  реконструкција на главната  улицата oд влезот во село Волино

Започнаa градежните работи за реконструкција на главната улицата oд влезот во село Волино

Започна реконструкцијата на главната улица во село Волино, се работи на улица која е главна артерија во уличната мрежа во с.Волино која го поврзува с.Волино со с.Требеништа и с.Мешеишта, исто така преку оваа улица се поврзуваат луѓето и добрата како внатре во селото така и со околните градови и Општината.

Со зафатот се предвидува  да се изврши  реконструкција  во должина од 1400м, на коловозот со рушење на постојниот асфалт, поставување на тампон од  дробен камен, поставување на нов асфалтен коловоз, изградба на тротоари поплочени со бетонски павер елементи , како и целосна  замена на постојните светилки  со ново улично осветлување ( канделабри)  како и изместување на целокупната електро дистрибутивна мрежа  и телекомуникациска инсталација и истата се предвидува да  биде каблирана, со нови приклучоци  до објектите, како и поставување на атмосверско одводнување долж профилот на улицата.

Средствата за изградба на улицата се одобрени од страна на Министерство за транспорт и врски  согласно Договорот за заем на Република Северна Македонија и Светска Банка, Проект за поврзување на локални патишта, Под- проект Реконструкција на улица во с.Волино.

Соопштение за жителите на село Волино

Соопштение за жителите на село Волино

Општина Дебрца ги известува жителите на село Волино дека согласно Договор за заем на Република Македонија и Светска Банка,  Проектот за поврзување на локални патишта , Под – проектот Реконструкција на линиски објекти – улица во с. Волино, општина Дебрца дека од 20.09.2023 година до 31.12.2023 година ќе се изведуваат градежни работи на улицата од мостот на патот Требеништа-Волино во правец на селскиот поштад  и  во правец на локалниот пат за село Мешеишта работите ќе се изведуваат фазно, при што во период од 8:00 до 16:00 часот  во одредени интервали може да биде во прекин сообраќајот.

Се замолува жителите на село Волино како и учесниците во сообраќајот во  наредниот период да се користат Алтернативните улици како и да ги почитуваат сообраќајните знаци од одобрениот времен режим на сообраќај.

 

 

                                                                           Општина Дебрца

                                                                               ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                    Зоран Ногачески

Започна изградбата на Парк  во село Требеништа, со детско игралиште

Започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште

Деновиве започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп  на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел. Изградбата на овој Парк ќе доприенесе за подобрување на  социјалната свера на делување во заедницата, го подобрува соцо-економскиот аспек ја подобрува комуналната свера, го подбрува квалитетот на испорачување на услугите кон ѓраѓаните, ја потикнува спортската активност кај најмладите и начините за водење на здрав живот и нај важната активност е запирање на трендот на иселување село-град односно уредување на руралните центри на ниво европските рурални центри.

Со зафатот за уредување на овој простор се предвидува изградба на пешачки патеки, осветлување, изградба на  детско игралиште со поставување на детски реквизити  играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка  како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се уредил моменатлно запуштениот простор кој воедно и го нарушува изгледот и на околните објекти како и спорската сала во непостредна близина, при што  по уредувањето би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.

Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за ,,Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)

Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои  1.953.909,00 мкд  средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца .

 

Соопштение за жителите на село Волино

Информација за ѓраѓаните за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD фонд

Телото за управување со IPARD при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел започнување  и доближување на можностите за користење на средствата од IPARD програмата со потенцијалните корисници. Со оглед на фактот, дека IPARD Програмата има голем опфат, во сите економски гранки преку трите акредитирани мерки кои ќе бидат презентирани на овој настан се следни:

 

  • Мерка 1 :Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади).

 

  • Мерка 3 : Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи( изградба на преработувачки капацитети- млекари, кланични капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема за истите и сл).

 

  • Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини ( поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности, кои се лоцирани во рурални средини)

 

На презентацијата ќе присуствуваат претставници на Телото за управување со IPARD и претставници на Агенцијата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Настанот во Општина Дебрца ќе се реализира  на ден 13.09.2023 година (Среда) со почеток во 11:00 часот во салата за совет на Општина Дебрца.

 

Продолжeна  реализацијата на годишната програма за изградба и реконструкција на улици во општина Дебрца за 2023 година

Продолжeна реализацијата на годишната програма за изградба и реконструкција на улици во општина Дебрца за 2023 година

Продолжуваме со реализацијата на годишната програма за изградба и реконструкција на улици во општина Дебрца за 2023 година.

Асфалтирани се две улици во село Мешеишта, во должина од 450 метри.

Извршено е крпење на ударните дупки на асфалтните коловози на општинските патишта за село Слатино, село Мраморец, село Црвена Вода, а претходно и на дел од улици во село Волино.