Select Page
Информација за достапност на  Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца и информација за одржување на јавна расправа

Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца и информација за одржување на јавна расправа

Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/2014, 44/2015 ,129/2015 , 39/2016 и 99/18) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца, со седиште во село Беличишта бб, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито “ во општина Дебрца.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга . 

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Дебрца.

Во прилог спроведената Оцена на еколошкото и социјалното влијание од проектот за обнова на коротото на река Сатеска за пренасочување во нејзиниот природен тек изготвен во согласност со Социјалните и Еколошки стандарди на УНДП (кликнете тука).

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

 

Јавната расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: ““Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца ќе се одржи на 

  • 25 февруари 2022 година  (петок), во Подрачно основно училиште во с. Волино со почеток во 11.30 часот

 

Контакт лица:

Управа за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk

по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица  

бр.3, 1000 Скопје.

 

Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје   

тел: 02 6142 209, 076 298 297,  е -маил: contact@maneko.com.mk

Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Почитувани во прилог линк до Студија за оцена на влијанието врз животната средина-Проект за реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.

Притиснете Тука за да ја погледнете целата содржина

Притиснете Тука за да ја погледнете целата содржина

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта

Денес во општина Дебрца и преку платформата Zoom, во организација на Здружението “Екотуризам 2016” и општина Дебрца како домаќин, по повод 2 Февруари – Светскиот ден на водните живеалишта се одржа настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“.

На настанот поздравни обраќања имаа и заменик министерот за животна средина Христина Оџаклиеска и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, а беа презентирани и студиите за валоризација на овие важни екосистеми и промотивно прикажан едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“.

Градоначалникот Ногачески  во своето обраќање посебно потенцира дека водните живеалишта имаат голема важност не само за растителниот и животинскиот свет во нив, туку и за здравјето и благосостојбата на луѓето.

Водните живеалишта се идентитетска карактеристика на Охридскиот регион и затоа сите тие заслужуваат посебна заштита.

Во тој контекст посебно значење има и Белчишкото Блато, како најголемо во оригинерна форма сочувано водно живеалиште.

Преку проект кој го имплементира Здружението “Екотуризам 2016” изработена е Студија за валоризација на блатото и добивање на заштитен статус според националното законодавство.

Настанот се одржа во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, кој беше реконструиран во рамките на проектот кој општина Дебрца го спроведува преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, а за што уште еднаш изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ, која го поддржа овој проект.

Го одбележуваме на 2 февруари – Светски ден на водните живеалишта

Го одбележуваме на 2 февруари – Светски ден на водните живеалишта

По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Охрид и Хидробиолошкиот Институт од Охрид.
Настанот ќе се одржи во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, Општина Дебрца, с. Белчишта.
Се одржа Јавната расправа за “Модернизација на јавното осветлување/замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”

Се одржа Јавната расправа за “Модернизација на јавното осветлување/замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”

Денес во општина Дебрца се одржа јавна дебата со заинтересирани граѓани за под-проектот:
“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца, а кој ќе се финансира преку Министерството за финансии, со под-заем и грант , во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.

Известување за јавна дебата за проектот- енергетска ефикасност во јавниот сектор / општина дебрца

Известување за јавна дебата за проектот- енергетска ефикасност во јавниот сектор / општина дебрца

Врз основа на одлуката на советот на општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање под-проектот:

“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”.

Поднесената апликација е прифатена и следниот чекор е одржување на Јавна дебата со заинтересирани граѓани, на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.

Јавната дебата ќе се одржи на ден 27.01. 2022 година / четврток/,  во салата за седници на советот на општината, во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот.

На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници.

Градоначалник,

Зоран Ногачески