May 16, 2019
ANNOUNCEMENT FOR REPRODUCTION OF COMMUNICATION, INFORMATION AND EDUCATIONAL MATERIAL WITHIN THE CONSE-PP PROJECT
EN: Municipality of Debrca announces the following Invitation for Tender for Reproduction of Communication, Information and Educational Material within the CONSE-PP project.
MK: Општина Дебрца објавува Повик за поднесување на понуди за Репродукција на комуникациски, информативни и едукативни материјали за проектот CONSE-PP
Apr 24, 2019
Ветивме дека секогаш образованието ќе ни биде на прво место и ќе работиме на подобрување на условите за одвивање на наставно образовниот процес во основното училиште, и тоа континуирано го правиме со повеќе мерки.
Денес заокруживме уште еден проект и обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште ( микроскопски препарати по анатомија, ботаника, зоологија, галванометар, магнетни игли, тродимензионален демонстратор на магнетни сили, епрувети, тегови,пипети, бирета, инки, шпиртна ламба, релјефни карти, основен сет за магнетизам, за електроника, за механика, за математика и друго ).
Вредноста на набавката изнесува 100.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.
Apr 10, 2019
Ветивме дека за сите спортски фудбалски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување ќе ја зголемиме финансиската поддршка и ќе обезбедиме средства во висина на котизацијата за соодветниот ранг на натпреварување и тоа континуирано го правиме.
И не само тоа.
Не ветивме, а исполнивме.
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2019 година за сите фудбалски клубови од општина Дебрца кои се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување ( ФК “Свети Петар”, Лешани, ФК “Злести”, ФК “Дебрца”, Белчишта –општинска лига и ФК “Сатеска”, Волино – регионална лига ) обезбедивме комплет спортска опрема ( по 20 дресови, шорцеви, штуцни, тренерки и по три фудбалски топки ).
Спортската опрема денес им ја предадов на претставниците на клубовите.
Средствата за набавка на спортската опрема во износ од 300.000 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2019 година.
Парите на граѓаните ги враќаме назад кај граѓаните, овојпат кај спортистите.
И во иднина општината финансиски ќе го поддржува спортот, бидејќи вложувањето во спортот е вложување во здравјето.



Apr 2, 2019
Општина Дебрца имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП). Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.
Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАПот е од суштинско значење, поради што општина Дебрца ја повикува целата јавност во изразување на своето мислење преку пополнување на анонимен анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина. Во продолжение ќе го најдете линкот до прашалникот што може електронски да го пополните.
Исто така, сите оние граѓани кои активно сакаат да земат учество со свој допринос во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП ги охрабруваме да се пријават и да ги остават своите податоци во општина Дебрца. Нацрт План за вклучување на јавноста
Анкетен прашалник за испитување на јавното мислење: ТУКА
Прашалникот ќе биде активен во период од еден месец од денот на објавување на соопштението.
Ви благодариме однапред.
ОПШТИНА ДЕБАРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Apr 1, 2019
Со денешниот ден и официјално општина го започна пролетното чистење кое континуирано ќе се спроведува во наредните месеци, се со цел чиста и зелена општина Дебрца.
Сите овие еколошки активности ќе бидат под мотото: “Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!”
Почнавме со чистење на дивата депонија покрај патот село Издеглавје – село Оздолени.
Изразувам голема благодарност до фирмата ЗК “Агро Михајло”, сопственост на Паско Тодороски, која како општествено одговорна фирма го помогна чистењето на депонијата.
Апелирам, сите да бидеме општествено одговорни и совесни граѓани и да не го загадуваме она што природата ни го дарила. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески.
Mar 25, 2019
Во тек се градежните работи за партерно уредување на дворното место пред амбулантата, во центарот во село Велмеј.
Се уредува просторот каде секоја година се оддржува манифестацијата по повод верскиот празник Василица.
Вкупната вредност на работите изнесува 897.000 денари без ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.

Во оваа фаза, во просторот ќе се вметнат неколку содржини ( бекатон патеки, шанк со комплет санитарии, огниште, клупи од травертин околу огниште, санитарен јазол ).
По завршувањето на овие работи ќе се премине на втората фаза, заградување на просторот. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески.