May 5, 2025
Општина Дебрца организира дводневна посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, Република Србија, кој ќе се одржи од 17-22 Мај 2025 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 17 и 18 Мај 2025 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето.
Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 10 Мај 2025 година, на следниот контакт:
Ѓоко Јордески 078281242
Игор Калески 075391404
Apr 24, 2025
На денешната седница советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.
Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.
Apr 22, 2025
Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци.
Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.
Apr 14, 2025
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина.
Градоначалникот Зоран Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.

На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.
Посебна благодарност изрази до Амбасадата на СРГерманија во Македонија,која преку програмата за мали проекти го поддржа проектот „Патеки на откривање“.
Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга,а со кој се маркираа шест велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км, на планините Стогово,Караорман,Илинска и Славеј Планина.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на општината.
Apr 9, 2025
Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 07 и 08.04.2025 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави:
- копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
- доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од имотен лист или копие од договор за закуп ).
- копие од трансакциона сметка.
Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 30.04.2025 година.
За сите дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 286 855.
ПРИЈАВА
ИЗЈАВА
OПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за проценка на штети
Apr 7, 2025
Поради интензивните врнежи од снег Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности „Дебрца“ веднаш излегоа на терен со лесна механизација за чистење на снег се вложија надчовечки напори до 01:40 после полноќ, но секое село беше прочистено доколку дополнително е потребно ќе се приклучат и останатите екипи и останатата механизација.
Тимовите на терен работеа на расчистување на патните правци во Горниот дел на општината, со цел да се обезбеди непречено движење на возилата и безбедноста на сите граѓани.
Активностите на терен продолжуваат и денес на расчистување на патните правци во Горниот дел на општината особено за селата Мраморец и Турије и онаму каде што е потребно, со цел да се обезбеди непречено движење на возилата и безбедноста на сите граѓани.

Апелираме до жителите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината според условите на патот !!!