Oct 26, 2023
Белчишко Блато е идентификувано како потенцијално Натура 2000 подрачје.Ова добро зачувано мочуриште, со поплавени шуми и влажни пасишта, е едно од најважните во земјава. Специфично е поради различните типови на мочуришни живеалишта, особено поплавената Евелова шума. Во него живеат многу видови кои е неопходно да се заштитат.
Разговор со Богољуб Стеријовски – технички асистент на тим лидерот на „Натура 2000“
Oct 20, 2023
Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор”, кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца, односно замена на постојните светилки од улично осветлување во населените места во Општина Дебрца”.
Општина Дебрца и Министерството за финансии го потпишаа договорот за подзаем и грант, со кој за реализација на подпроектот се обезбедуваат вкупно 31.084.976 денари, од кои 24.867.981 денари се подзаем, а 6.216.995 денари се грант.
По завршувањето на тендерската постапка,согласно правилата на Светска Банка ќе започне имплементација на овој капитален проект, со кој ќе бидат заменети вкупно 1412 постојни улични светилки во населените места во општината со нови, со современа лед технологија.
Sep 30, 2023
Наше, македонско, а светско природно наследство !!!!!!!!
Aug 29, 2023
Деновиве е извршено прочистување на депонијата од инертен одпад и градежен шут на влезот на село Волино покрај каналот на река Сатеска, Истата е формирана од несовесни жители кои и покрај апелите веќе подол временски период депонираат огромни количини на инертен одпад и градежен шут кој ја нагрдува сликата на целокупниот простор и ја загадува животната средина како и река Сатеска.
Прочистувањето го изврши фирмата Маркоски К 73 ДООЕЛ Струга и Благодарност до нив!
Овојпат не апелираме, туку предупредуваме дека во иднина кон сите прекршители ќе бидат поднесувани пријави за изрекување на санкции,согласно прописите за заштита на животната средина и природата.
Aug 21, 2023
На ден 22 август 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ – СНАБДУВАЧКИ УСЛУГИ ОД БЕЛЧИШКО БЛАТО И НАЧИНИ ЗА НИВНА ПРОЦЕНКА
Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.
Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава.
Прилог
Агенда
Aug 13, 2023
Владата донесе одлука за распределба на средства за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија, со која средствата од заемот во износ од 50.000.000 евра, обезбедени од Европската инвестициона банка се распределуваат на општините, како неповратни/ грант средства.
Со одлуката на општина Дебрца се распределуваат вкупно 537.644 евра.
Одобрените средства општината ќе ги искористи за аплицираниот проект- изградба на секундарна/ улична канализациона мрежа во село Требеништа.