Select Page
Започна санацијата на кровната конструкција на домот во село Врбјани

Започна санацијата на кровната конструкција на домот во село Врбјани

Деновиве започна санацијата на кровната конструкција на домот во село Врбјани

Со санацијата е предвидено  појачување на кровната конструкција, замена на летви и замена на ќерамиди.

Вкупната вредност на работите изнесува 432.470 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

Кратко резиме за долгот на ЈПКД Дебрца за потрошена електрична енергија и проблемите во водоснабдувањето на територија на Општина Дебрца

Кратко резиме за долгот на ЈПКД Дебрца за потрошена електрична енергија и проблемите во водоснабдувањето на територија на Општина Дебрца

Ова е вистината за долгот за електрична енергија кој го има ЈПКД Дебрца, се друго е само политичка манипулација.

Најголемиот проблем со кој се соочува ЈПКД Дебрца во своето работење се големите долгови по основ на неплатени сметки за потрошена електрична енергија за пумпните станици за водоснабдување на дел од населените места во општината.

И ова не е само проблем на нашето јавно претпријатие, туку и на сите други во државата.

До 2018 година водоснабдувањето преку пумпни станици се врши преку – пумпната станица Св.Еразмо и пумпите за водоснабдување за село Издеглавје и село Арбиново.

Во 2018 година поставена е нова пумпа за поддршка на водоснабдувањето во село Требеништа.

Во 2021 година пуштена е во употреба уште една пумпна станица со поголем капацитет, во село Требеништа, за водоснабдување на селата од регионот на Аеродромот Св.Апостол Павле и Аеродромот.

Од октомври 2022 година преземен е и водоснабдителниот систем во село Мешеишта, кој исто така се водоснабдува преку пумпна станица.

Според аналитичките картици, заклучно со месец Мај 2023 година вкупниот долг на ЈПКД Дебрца по основ на неплатени сметки за потрошена електрична енергија за пумпните станици изнесува 17.137.247 денари.

Овој долг е создаван со години наназад и тоа:

-заклучно со Април 2013 година ( вд директор Благојче Стојчески ) долгот изнесувал -442.647 денари.

-од Мај 2013 година до 31.12.2017 година ( вд директори Јасмина Мицкоска, Стојмир Велјаноски и Васил Јончески ) долгот се зголемил за 3.377.454 денари и на 31.12.2017 година изнесувал -3.850.101 денари.

-од Јануари 2018 година до 31.12.2021 година ( вд директор Игор Крцоски ) долгот се зголемил за 7.528.863 денари и на 31.12.2021 година изнесувал – 11.378.964 денари.

-од Јануари 2022 година до 31.05.2023 година ( директор Димче Андрески ) долгот се зголемил за 5.758.283 денари и на 31.05.2023 година изнесува -17.137.247 денари.

Притоа, треба да се има во предвид дека во текот на 2022 година, особено во втората половина, поради енормното зголемување на цената на електричната енергија, само за неколку месеци е направено драстично зголемување на долгот.

Така, само од 01.07.2022 до 31.12.2022 година, за шест месеци направен е долг од 3.972.445 денари или од 01.01.2022-31.12. 2022, за една година, долг од 5.226.498 денари.

Од октомври 2022 година преземен е и водоснабдителниот систем во село Мешеишта, со долг за неплатени сметки за Август и Септември 2022 година, во вкупен износ од -544.707 денари.

Ако ги анализираме само сметките за месец Мај 2023 година, поединечно по броила, состојбата е следна:

-пумпна станица Св.Еразмо = 282.807 денари

-пумпна станица с. Требеништа = 90.055 денари

-пумпна станица с.Мешеишта = 136.914 денари

-пумпа с.Издеглавје = 7253 денари

-пумпа с.Арбиново= 11.985 денари

Моменталната цена на електричната енергија изнесува 11,05 ден/кw + 2,67 денари за дистрибуција или вкупно 13,72 ден/кw, без пресметан 18% ддв.

Цената за надоместокот за потрошена вода утврдена од Регулаторна комисија изнесува 19,00 денари за м3.

Ако се направи симулација за вкупниот број на домаќинства, според сметките за плаќање, се земе просечна потрошувачка од 10 м3 по домаќинство и се спореди со вкупно потрошената електрична енергија, се доаѓа до следното:

Вкупен број домаќинства- 762 х 10 м3 = 7620 м3

Потрошена електрична енергија = 530.680 денари ( со додадена комунална такса за јавно осветлување )

530.680 / 7620 = 69,64 денари.

Значи, цената за водата најмалку би требала да биде околу 70 ден/м3, што е превисока, но превисока е и цената на електричната енергија.

На последната седница советот на општината донесе одлука за субвенционирање на дел од трошоците на ЈПКД Дебрца за електрична енергија, на следната ќе предложам општината да го преземе целокупниот долг и да го исплаќа на рати кон ЕВН, за што е постигната начелна спогодба.

Но, долговите и во иднина нема во целост да се елиминираат со ваквиот сооднос на надоместокот за вода и цената на електричната енергија.

Од мај 2013 година до денес цената на електричната енергија е петкратно, а за време на кризата и десеткратно зголемена,а на водата само 3-4 денари плус дополнително во функција се ставени нови пумпни станици.

Треба да се бараат и алтернативни решенија,како фотонапонски централи за пумпните станици,но и тоа не оди брзо и преку ноќ.

Нерационалното користење на водата,нередовно плаќање на сметките од многу корисници е друга приказна.

И крајно,треба да се има во предвид дека поради долговите кон ЕВН сметката на ЈП со години наназад е блокирана и истата е утврдена со судска рамка во која влегуваат само платите за вработените и тековните трошоци.

Акција за чистење на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад во село Волино

Акција за чистење на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад во село Волино

Волонтери претставници од општина Дебрца, ЈКП Дебрца, преставници од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, ќе одржат акција за чистење која е организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО и Пакомак, Акцијата е предвидено да се одржи во село Волино на 28.07.2023 година со  почеток  во 9и 30 часот на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад .

 

Линк за пријавување на акцијата https://csr.skopsko.mk/form

Завршени работите на изградба и рехабилитација на улици во селата Требеништа, Ботун и Белчишта

Завршени работите на изградба и рехабилитација на улици во селата Требеништа, Ботун и Белчишта

Деновиве заврши првата фаза од реализација на годишната програма  за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината.

Во Првата фаза беа опфатени селта Требеништа, Ботун и Белчишта каде што се изврши прочистување на вегетација,тампонирање и асвалтирање на три улици во наведените села

Општина Дебрца продолжува  со реализација согласно Годишната програма  каде ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози каде има потреба според проценка на стручните служби во општината

 

Спроведена  превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца

Спроведена превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка  Општина Дебрца во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето  се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Воедно се изврши  и дератизација на канализационите системи во општината како и јавните објекти во општината.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца

Започна   реализацијата  на Годишната програма за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година

Започна реализацијата на Годишната програма за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година

Во рамките на програмата ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози.

Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта,кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка ќе се реконструира улица во село Волино,на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад.

Во првата фаза се работи во селата Требеништа, Ботун и Белчишта.