Mar 20, 2024
Денес се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Дебрца. На работилницата е утврдено дека општина Дебрца е специфична општина, со 30 населени рурални места, со огромен потенцијал за развој на (еко) туризам.
На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Дебрца, учествуваа претставници од локалните училишта, жители од повеќе населени места во општината, земјоделци, пчелари, преработувачи. Заедно, се обидуваа да дадат насоки за успешен, одржлив развој на општината.
Во наредниод период од странa на преставниците SEG Holding ќе се изработи SWOT анализа каде ќе бидат вметнати сите предложени мислења на присутните.
Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
Mar 14, 2024
Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом , изгради тротоар , во должина од 66 метри, реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште,заградување со метална ограда,поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи , кошеви, клупи,/.
Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски 73 дооел Струга.
Mar 10, 2024
Се привршува еден од најголемите проекти во општина Дебрца во делот на патната инфраструктура, реконструкција на улица и плоштадот во село Волино.
Проектот е финансиран преку проектната единица на Министерството за транспорт и врски, по поднесена апликација од општината, со средства обезбедени преку Светска банка.
Дополнително, ЕВН инвестираше за каблирање на електро дистрибутивната мрежа, а Македонски Телеком за каблирање на оптички телефонски кабел.
Општината инвестираше за изведба на индивидуалните електрични приклучоци.
Благодарност до изведувачот,фирмата “Ленди Груп” Скопје, а особено голема благодарност до подизведувачот, фирмата “Маркоски 73” ДООЕЛ Струга за висококвалитетното и предвремено привршување на работите.
Благодарност и до човекот, кој е проектен творец на оваа приказна, човекот кој за жал не е повеќе со нас, но неговото дело останува засекогаш, Иван Лошкоски,дипл.инж.арх./ нека му е слава/
Во 2024 година најавуваме нови капитални инвестиции, како
ОРОВНИК
Реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор,
Уредување на просторот кај чешмата,
Доуредување и дополнување со детски реквизити на постојното детско игралиште
Поставување на централно греење во училиштето
ГОРЕНЦИ
Асфалтирање на улици
Уредување на детско катче во центарот
Изградба на каптажа кај црква Св,Никола
ТРЕБЕНИШТА
Асфалтирање на пристапен пат- улица до црква Св.Недела
Изградба на канализациона мрежа / прва фаза
Поставување на фотонапонска централа кај пумпна станица
ВОЛИНО
Доуредување на детско игралиште и паркот во центарот на селото,
Санација на трибина на спортско игралиште
МЕШЕИШТА
Набавка на нова пумпа за водоснабдување и санација на стариот резервоар
Поставување на фотонапонска централа кај пумпна станица
Асфалтирање на улици
Доизградба на канализационата мрежа
БОТУН
Реконструкција и адаптација на објект на месна заедница-поранешната селска продавница
БЕЛЧИШТА
Реконструкција на административна зграда на општината / 2 фаза,
Уредување-бетонирање на речното корито во центарот на селото
Уредување на детско игралиште во училишниот двор
ЛЕШАНИ
Асфалтирање на улици
Изградба на фекална канализација/ 2 фаза
ВЕЛМЕЈ
Асфалтирање на улица и одбојкарското игралиште
Осветлување на Крстот во црквата Св.Спас
ЗЛЕСТИ
Уредување на центарот и изградба на спортско игралиште,
Уредување на канал за наводнување
ГОДИВЈЕ
Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом
Уредување-бекатонирање на просторот кај црква Св.Вартоломеј
ЛАКТИЊЕ
Асфалтирање на центарот и улица
ПЕСОЧАНИ
Асфалтирање на улица
Уредување на надворешна фасада на поранешната училишна зграда
ИЗДЕГЛАВЈЕ
Тампонирање со гребен асфалт на пат до црква Св.Димитрија
ОЗДОЛЕНИ
Асфалтирање на улица
СОШАНИ
Тампонирање на пат до црква Св.Никола
СЛАТИНО
Асфалтирање на улички
ДОЛНО СРЕДОРЕЧЕ
Рехабилитација на дел од патот до селото
КЛИМЕШТАНИ
Санација на објект на месна заедница
НОВО СЕЛО
Асфалтирање на улички
СЛИВОВО
Тампонирање на пат до црква Св.Атанасиј
Mar 5, 2024
По снежните врнежи кои изминатата ноќ ја зафатија територијата на општина Дебрца, Ве известуваме дека сите патни правци кон селата во Горна Дебрца вклучително и земјените-макадамски патишта се прочистени и проодни, а од страна на екипите на општината задолжени за зимско одржување се врши утврдување каде е потребно да се дејствува.
Feb 26, 2024
Општина Дебрца го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад, документ со кој ќе овозможиме континуирано стратешко планирање за управување со отпадот на локално ниво, како и заштита на животната средина и на природните убавини и реткости во Општината.
Целта на Локалниот акциски план за управување со отпад е да обезбеди податоци за тоа од каде потекнуваат проблемите во различни тематски области во управувањето со отпадот како и да даде одговор како подобро да управуваме со нив и како подобро да обезбедиме континуиран развој во Општината во управувањето со отпадот.
Со користење на современи методи и техники и алатки, вклучувајќи ја јавноста и останатите чинители како најважен сегмент во стратешкиот развој, Општината ги лоцираше проблемите во управувањето со отпадот и изврши распоред на приоритетни проблеми како и мерки и активности за нивно решавање. Локалниот акциски план е главен показател при решавање на проблемите со отпадот во Општината, но и алатка за изнаоѓање финансиски средства за имплементација на предвидените проекти.
Во наредниот период ќе се ангажираат сите ресурси за реализација на активностите во Локалниот акциски план за управување со отпад, со цел нивното спроведување да претставува најдобра промоција на нашата општина како место кое нуди услови за подобро живеење и здрава животна средина со нула отпад на својата територија.
Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.
Планот е достапен на следниот линк:
Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025 https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/%D0%9B%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%BF%D0%B0%D0%B4-2024-2025.pdf