Select Page
Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”

Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”

Општина Дебрца, објавува Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”.

Сите заинтересирани правни и физички лица (агенции, тур оператори, туристички водичи и др.) можат да се обратат во општина Дебрца, секој работен ден од 8:00 – 15:00 часот за подетални информации во врска со јавниот повик заклучно 17.12.2022 година.

Лице за контакт:

Ангел Секулоски

E: asekuloski@gmail.com

M: +389(0)78236060

W: +389(0)46286855

Планинската куќа е лоцирана во планинското село Брежани, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесет километри одалеченост од градовите Охрид, Струга и Кичево. Располага со  дваесет легла , современи бањи и кујна, греење, ладење.

Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа беше реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Фотографии во прилог:

Предлог буџет на општина Дебрца за 2023

Предлог буџет на општина Дебрца за 2023

Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2023 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2023 година.

Општина Дебрца - Предлог Буџет за 2023 година

Општина Дебрца – Предлог Буџет за 2023 година

 

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:

  • Адреса:
    с.Белчишта бб, 6344
  • Работно време:
    Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот
    (Пауза од 11:00 до 11:30 часот)
  • Телефон (централа):
    +389(0)46 286 855
Предлог буџет на општина Дебрца за 2023

О Б Ј А В А  Брoj  1 / 2022 За електронско јавно наддавање За давање под закуп на деловен простор (ПРВ ПАТ)

Врз основа на член 24 став 3 и 4, член 37 и 39 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” број 101/19, 275/19 и 122/2021), Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на општина Дебрца, објавува:

 

 

 

О Б Ј А В А  Брoj  1 / 2022

За електронско јавно наддавање

За давање под закуп на деловен простор

(ПРВ ПАТ)

 

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари – деловен простор, сопственост на  Општина Дебрца, кои се издаваат под закуп согласно Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зграда – Дом во село Требеништа, за вршење на трговија на мало, број 08-1017/12 од 30.05.2022 година, донесена од советот на општина Дебрца.

 

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ КАКО ДЕЛ ОД НЕДВИЖНАТА СТВАР КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

 

Предмет на закуп се просториите:

 

Реден бр. Адреса Опис и намена на деловниот простор Површина Вкупна почетна цена на закупнината (0,5% од проценетата вредност) Банкарска гаранција 2% од   проценетата вредност Почеток

Час

1. Село Требеништа ДП на приземје, (дел од задружен дом), КП- 1497/3, КО Требеништа, ИЛ 630

 

Деловниот простор  се издава под закуп со намена за вршење на трговија на мало

( продажба на колонијални и прехрамбени произвоиди ), за времетраење од  10 години.

 

 

199,22      м2

24.269,72 денари 97.078,86 денари 12:00

часот

 

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на РСМ согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за јавно наддавање и тоа :

 

 

4.1. Доказ за идентитет :

-лична карта за физички лица;

-тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија  (за домашни правни лица);

-извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа  (за странски правни лица).

 

4.2. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

 

4.3. Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.

 

4.4. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал во писмена форма да се достави и до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Дебрца на денот кога се доставува комплетната документација.

 

За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната http://www.e-stvari.mк.

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и електронски јавни наддавања спроведени преку системот http://www.e-stvari.mk, за него важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки.

 

Доказите кои е потребно да се достават врз основа на објавата, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија во PDF формат.

 

На подносителите на пријавите кои се комплетни им се доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им се доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

 

Објавата трае 15 ( петнаесет ) дена почнувајќи од 26.09.2022 год. и ќе трае заклучно со 10.10.2022 година.

 

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница  http://www.e-stvari.mk

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 14.10.2022 година (петок) и ќе започне во 12:00 часот.

 

  1. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавите за учество на Јавното наддавање во електронски облик можат да се доставуваат најдоцна три дена пред почетокот на јавното наддавање, односно заклучно со 10.10.2022 година.

 

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА

 

Вкупната почетна цена на закупнината на електронското јавно наддавање за недвижноста која е предмет на закуп е утврдена во табеларниот преглед на оваа објава. Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

 

7.БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА

 

7.1. Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно наддавање за надвижноста предмет на закуп изнесува 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и износот е утврден во табеларниот преглед даден во оваа објава.

 

7.2.Банкарската гаранција треба да има рок на важност најмалку 60 дена од денот на одржувањето на електронското јавно наддавање. Секоја пријава што не содржи гаранција за сериозност на понудата или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите во објавата, ќе биде отфрлена и нема да учествува на електронското јавно наддавање.

 

7.3.Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање.

 

 

8.ПОСТАПКА

 

8.1.Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

8.2.Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

8.3.Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.4.Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2 % од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

8.5.Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

8.6.За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена  која претставува највисока цена за месечната закупнина

8.7.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

8.8.Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за  закуп на деловниот простор и во рок од 5 работни дена по извршената уплата, се склучува Договор за закуп на деловниот простор, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.

8.9 На договорот за закуп на деловниот простор  соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.

8.10.Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

8.11.Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

8.12.Трошоците за солемнизацијана договорот за закуп на деловниот простор паѓаат на товар на закупувачот на деловниот простор.

 

Оваа објава ќе биде објавена и на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk

 

Општина Дебрца

Комисија за располагање со недвижни и движни ствари

Игор Мартиноски, диа                       – претседател

Цвета Филипоска-Симеонова          – член

Љупчо Балески, дги                          – член

Општина Дебрца со поддршка од 5000 денари за секое прваче во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“

Општина Дебрца со поддршка од 5000 денари за секое прваче во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“

Вчера на сметките на 20 родители на деца запишани во прво оддделение во ООУ “Дебрца” се исплатени по 5000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, во вкупен износ од 100.000 денари.

Многу успех првачиња!

Покана за обука при заштита, зачувување и можности за зелени бизниси – Белчишко Блато

Покана за обука при заштита, зачувување и можности за зелени бизниси – Белчишко Блато

 проект „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители

Обука – модул 1: БЕЛЧИШКО БЛАТО – ЗАШТИТА, ЗАЧУВУВАЊЕ И МОЖНОСТИ ЗА ЗЕЛЕНИ БИЗНИСИ

Општина Дебрца, 4 август (четврток) 2022 г.

 

Агенда

11.00 – 11.05 ч.  Вовед во обуката, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Охрид  и  обраќање на Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца

11.05 – 11.20 ч.  Презентација на наодите од истражувањето на рибната фауна од Белчишко Блато (2020-2021 г.) во рамките на проектот, проф. д-р Трајче Талевски, Хидробиолошки Институт, Охрид

11.20 – 11.40 ч.  Закани за рибната фауна и предлог мерки за зачувување и заштита на рибната фауна од Белчишко Блато, проф. д-р Трајче Талевски, Хидробиолошки Институт, Охрид

11.40 – 12.15 ч.  Можности за зелени бизниси – одгледување печурки, Сашко Тодоров, дипл. биолог

12.15 – 13.00 Можности за зелени бизниси – биолошки методи за обезбедување повеќе храна и заштита од штетници, Сашко Тодоров, дипл. биолог

13.00 – 13.30 Отворена дискусија

13.30 Ручек

 

*Обуката е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 август 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) –  кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.

Јавен повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

Јавен повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2022 година, број 01-1136/1, од 09.06.2022 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/21 ) се објавува следниот :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2022 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2022 година, од 01.01.2022 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2022 година.

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2022 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2022 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2022 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2022 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2022 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

Б А Р А Њ Е за субвенција велосипеди може да го спуштите со кликање тука.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2022 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Билјана Суклоска-Милошеска – член

3.Доста Дојчиноска – член