Select Page
ОПШТИНА ДЕБРЦА  ОБЈАВА  број 01/2025 за отуѓување на уредено градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија

ОПШТИНА ДЕБРЦА ОБЈАВА број 01/2025 за отуѓување на уредено градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија

ОПШТИНА ДЕБРЦА
ОБЈАВА  број 01/2025

за отуѓување на уредено градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија

  

 ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  

Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија за 2025 година  бр. 01-1450/7 од 03.12.2025 година објавена во Службен гласник на Општина Дебрца бр.13/2025 од 05.12.2025 год., предмет на електронското јавно наддавање е уредено градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Архитектонско-урбанистички проект за формирање на Градежна парцела 1, со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на дел од КП-827/3, КО Мешеишта, Општина Дебрца, согласно Општ акт за село Мешеишта (Одлука бр. 09-489/1 од 03.04.2015 год.), одобрен со Потврда за заверка бр. 13-96/4 од 23.01.2017 год. од Градоначалникот на Општина Дебрца, кое градежно незиградено земјиште е со намена на градба Г2-Лесна и незагадувачка индустрија , согласно табеларниот преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м²,  вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед:

Бр. на аукција Бр. на

градежна

парцела

Намена на

градежна

парцела

Број на

Кат. парцела

 КО Мешеишта

Површ. на град. парцела (м²) Површ. на градба (м²)  

Макс.

развие-на површ.

(м²)

Коеф.на искористен. Проц. на изграденост.

(%)

Макс.

висина до венец и катност.

(м)

Почетна

цена по

м²

(денари)

Вкупна

Почетна

вредност

(денари)

Банкарска гаранција за сериозност на понудата (денари )
01/2025-1 1 Г2-Лесна и незагадувачка индустрија К.П.бр.827/6

 

4985 2493 2493  

0,5

 

50

15,0/П+1 61,00 304.085,00  

1.520.425,00

 

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна  Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање исклучиво во електронска форма на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk), во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата (за секоја парцела поединечно), комплетирана со следниве докази во скенирана форма:

  1. Пополнета пријава во електронска форма од страна на подносителот на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);
  2. За физичките лица уверение за државјанство во скенирана форма, не постаро од 6 месеци заклучно со краен рок за поднесување пријава;
  3.     За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар во скенирана форма (Извод од тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постар од 30 дена заклучно со краен рок за поднесување пријава);
  4. Нотарски заверено полномошно во скенирана форма за полномошникот што го претставува понудувачот, доколку пријавата се поднесува преку полномошник;
  5. Скенирана банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ наведен во табеларниот преглед за секоја градежна парцела поединечно,  со рок на важност до 01.06.2026 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач  ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на  известување за избор, истата покрај во електронска форма задолжително да ја достави и во оригинал преку архивата при Општина Дебрца до Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање во бел коверт со назнака “не отварај” и со повикување на бројот на јавната објава заклучно со истекот на рокот за пријавување.

 

НАПОМЕНА: Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат ИСКЛУЧИВО по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со прикачување на наведните докази во скенирана форма. Доколку пријава поднесува странско физичко или правно лице сите докази се доставуваат и преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач. Општина Дебрца нема да прима пријави доставени преку поштенски пат или преку архивата при Општина Дебрца. Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. Заинтересираните лица (физички и правни) ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ИМААТ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на електронското јавно наддавање. Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежнaта парцела Г.П.бр.1 со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија изнесува 61,00 денари од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

 Банкарската гаранција за сериозност на понудата е утврдена согласно табеларниот преглед даден во оваа објава и сите пријавени физички и правни лица се должни банкарската гаранција  покрај електронската скенирана верзија да ја достават и во оригинал преку архивата при општина Дебрца заклучно со крајниот рок за пријавување.

РОКОВИ

 Пријавите за учество на електронското јавно  наддавање  за градежната парцела наведена во табеларниот преглед  да се достават до ден 20.01.2026 година, 23:59 часот, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk .

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk .

Јавното наддавање ќе се одвива на ден 22.01.2026 година, и истото не може да трае помалку од 15 (петнаесет) минути како што следува: Во 10:00  часот за Г.П.бр.1  со намена  Г2-Лесна и незагадувачка индустрија.

 

ПОСТАПКА

 

1.Комисијата преку електронскиот систем при www.gradezno-zemjiste.mk ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за  поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација автоматски им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува Известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2.Подносителите на пријавите за да може да  поднесат електронска пријава и да учествуваат на електронското јавно наддавање потребно е да имаат дигитален  сертификат (потпис).

3.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на елетронското јавно наддавање.

4.Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање.

5.Електронското јавното наддавање го следи Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање, формирана од Градоначалникот на Општина Дебрца.

6.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

  1. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,00 денари во цели броеви без децимали.

8.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа Објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање се продолжува неограничен број пати се додека во истекот на последните две минути е дадена понуда од страна на учесниците.

9.За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена по метар квадратен.

10.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

11.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

12.По завршувањето на постапката за јавното наддавање, Комисијата е должна во рок од 3 (три) работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

13.Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење  по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 (триесет) дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

14.По прибавување на  позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од 3(три) работни дена до најповолниот понудувач доставува Известување за избор на најповолен понудувач.

15.Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на Известувањето дека е најповолен понудувач на јавното наддавање,  да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, да ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, да ги достави  до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и да достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката.

16.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата  согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, не ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не  повеќе од 15.000,00 денари, не  ги достави  до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и не достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

17.Доколку најповолниот понудувач ги уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор уплатените средства согласно постигнатата крајна цена не му се враќаат, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

18.По извршената уплата во утврдениот рок и доставата на оригиналните докази приложени со пријавата и доказот за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето за градежната парцела наведена во табеларниот преглед, Градоначалникот на општина Дебрца во рок  од 5 (пет) работни дена склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 (девет) месеци од извршената солемнизација на договорот за градежната парцела која што е со површина до 5.000 м², да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Со договорот најповолниот понудувач  се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење а согласно со категоризацијата на градба, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Неисполнувањето на овие обврски односно по паѓање во задоцнување со исполнување на овие обврски три месеци последователно од страна на купувачот претставува основ отуѓувачот по три месечни последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата на договорната казна и претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од  отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.

19.Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на оваа објава се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дел од стечајна маса.

20.Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува  да изгради најмалку 30% од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за градежната парцела.

21.Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет на недвижности што ќе произлезе како обврска по склучениот Договор за отуѓување на градежното земјиште.

22.По склучувањето на договорот, општина Дебрца во рок од 1 (еден) ден електронски го доставува до Град Скопје-Сектор за финансиски прашања за утврдување данок на промет на недвижност. Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на решението за утврдување на данок на промет на недвижност да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.

23.По доставување на доказ за извршена уплата на данокот на промет на недвижност, купувачот во рок од 30 (триесет) дена електронски го доставува договорот  кај нотар заради спроведување на постапка за солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.

24.Неисполнувањето на обврските од точките 22 и 23 од оваа Објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена  не му се враќаат на  купувачот.

25.Во цената за отуѓување не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

26.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности на Република Северна Македонија паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.Во случај на раскинување на договор по вина на купувачот, истиот е обврзан да плати данок на промет и нотарски трошоци.

27.Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување  по пат на јавно наддавање не смее истото да го  пренесува на трети лица. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Неисполнувањето на оваа обврска преставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната  цена не му се враќаат на купувачот.

28.Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување  по пат на јавно наддавање не смее, без претходна согласност, да го заложува или на друг начин оптоварува земјиштето и објектите кои на истото ќе бидат изградени, се до завршувањето на градбата и бришење на прибелешката од точка 27 во јавните книги. Оваа забрана се прибележува во јавните книги.

29.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3(три) дена од денот на одржување на електронското јавно наддавање.Приговорот се поднесува во писмена форма до Комисијата, која е должна да одлучи со Решение во рок од 5(пет) работни дена од приемот на истиот. Против Решението донесено од страна на комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15(петнаесет) дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

30.Во случај на грешка во преводот на албански јазик,во предвид ќе се земе објавата огласена на македонски јазик.

 

Оваа објава ќе биде објавена и на web-страната на Општина Дебрца, www.debrca.gov.mk.

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на

постапките за јавно наддавање

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Дебрца

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Дебрца

Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното  примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски.

На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца.

Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех во работата на својот наследник, изразувајќи уверување дека Општината ќе продолжи да се развива во интересите на сите жители

Новиот градоначалник Сиљаноски се заблагодари за досегашната соработка и довербата добиена од граѓаните, нагласувајќи дека негов приоритет ќе биде транспарентно, одговорно и посветено работење во интерес на секој жител на Општина Дебрца.

Со ова примопредавање официјално започнува новиот мандат на градоначалникот Златко Сиљаноски, кој ја презема функцијата со цел за натамошен развој, подобрување на инфраструктурата, унапредување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот во нашата општина.

Обраќање до жителите на Општина Дебрца – Градоначалник Зоран Ногачески

Обраќање до жителите на Општина Дебрца – Градоначалник Зоран Ногачески

Драги сограѓани, почитувани пријатели,

 

 

Во изминативе осум години, со ваша доверба, ја имав честа и одговорноста два мандати да бидам градоначалник на нашата општина Дебрца – првиот мандат како партиски, а вториот како независен кандидат.

Секогаш сум верувал дека два мандати се доволни човек да ја докаже својата визија и да остави зад себе дела. Денес со гордост можеме да кажеме дека зад нас остануваат многу реализирани проекти, значајни за развојот на нашата општина и за подобар живот на граѓаните.

Во изминативе месеци, секојдневно бев исправен пред голем број барања од вас – граѓаните на Дебрца. Се разговараше во општина, мојот дом, по улици, по телефон. Вие бевте тие што ме потсетивте дека многу започнати проекти чекаат да бидат довршени и дека борбата за подобра Дебрца не смее да запре.

Искрено, не беше лесна одлуката – енергијата не е истата како пред осум години, а и мојата првична одлука беше да застанам тука. Но, вашиот глас беше посилен. Вие ми покажавте дека довербата и очекувањата се уште постојат, и затоа – ја носам одлуката да се кандидирам за уште еден мандат како независен кандидат.

Со почит кон сите мои противкандидати, кои сигурен сум дека имаат свои визии и идеи, ние на граѓаните ќе им понудиме едно – дела.

Дела кои ги реализиравме, дела кои ги реализираме и нови дела кои ќе следат во наредните години.

Дела за Дебрца!

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2024/25

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2024/25

Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Крсте Јорданоски – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-402/2 од 18.03.2025 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот  за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија  за учебна 2024/25 година,  утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:

 

  1. Трајкоски Наумче Павел

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Скоклеска Разме Ивана

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Донески Гоце Филип

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Печоска Ромео Викторија

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Бујароска Сашо Климентина

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Цветаноска Златко Мартина

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Маркоска Даниел Ана Марија

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Каланоски Павел Славица

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Лошкоска Маријан Теона

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Андоноска Гоце Марија

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Нелоска Игор Анабела

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Нелоски Симе Лео

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Силјаноска Александар Јана

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Жилеска Панче Марија

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2024/25

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2024/25

Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Крсте Јорданоски – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-402/2 од 18.03.2025 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот  за доделување стипендии на редовни студенти на запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи  во Република С.Македонија за студиска 2024/25 година,  утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:

 

  1. Јонческа Ѓоко Моника

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Јосифоска Страшо Марија

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Трајкоски Наумче Ивана

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Целакоска Илија Емилија

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Нелоски Игор Давид

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Ристеска Сашо Елена

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Митреска Зоран Зорица

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Цветкоски Милан Дамјан

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Голабоска Петре Јана

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

 

Објавена мерката-“Живеј здраво – вози точак” Јавен Повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2025 година

Објавена мерката-“Живеј здраво – вози точак” Јавен Повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2025 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2025 година, број 01-382/1, од 14.03.2025 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 13/24 ) се објавува следниот :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2025 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2025 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2025 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2025 година, од 01.01.2025 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2025 година.

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2025 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2025 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2025 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2025 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2025 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

 

Прилог:

БАРАЊЕ

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2025 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Ристо Наумоски – член

3.Билјана Суклоска-Милошеска – член