Jun 5, 2026
Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!

Денес завршивме уште еден важен дел од нашиот годишен план за асфалтирање.

Комплетно е реконструирана главната улица во село Злести, на потегот од сретселото до крстосницата за Белчишта и Лешани.

Со оваа инвестиција значително ја подобруваме патната инфраструктура, придонесувајќи за поголема безбедност во сообраќајот и полесно секојдневие на мештаните.

Продолжуваме посветено да работиме на терен и да ги исполнуваме барањата на граѓаните.

Чекор по чекор, заедно градиме поубава и модерна Дебрца!
Jun 4, 2026
Заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев, го посетивме идниот промотивно-изложбен центар во с. Требеништа, со цел согледување на можностите за негов развој и унапредување.
Центарот ќе има значајна улога во презентацијата и промоцијата на богатото културно-историско наследство на Општина Дебрца, придонесувајќи за негова поголема видливост, зачувување и афирмација.
Jun 3, 2026
Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.

На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион.

Посебен акцент ставивме на проектот за изградба на културно-изложбен центар во с. Требеништа, кој значително ќе придонесе за промоција на локалното наследство и развојот на туризмот.

Заедно со гостите го посетивме и Изложбениот центар за Белчишко Блато во Белчишта, простор кој на уникатен начин ги претставува богатствата на флората, фауната и нашето природното наследство.

Работната посета ја продолживме со посета на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“ во Белчишта, која минатата година одбележа 40-годишен јубилеј и е една од најстарите и најзначајните ликовни колонии во Македонија.

Горди сме на оваа културна манифестација која со децении го збогатува уметничкото наследство на Дебрца, а соработката и поддршката од овие институции ни е од огромно значење.

Инвестициите во културата и туризмот се вистински инвестиции во иднината!
Jun 3, 2026
Известување до жители на с.Мешеишта
Поради предизвикан дефект на главната водоводна цевка од страна на изведувачи при изградба на автопатот, ќе има прекин на водоснабдувањето денес ( 03.06.2026 година) од 16 часот до санирањето на дефектот.
ЈП за комунална дејност Дебрца
Jun 1, 2026
Се известуваат корисниците кои имаат заостанат долг по основ на комунални услуги потребно е истите да ги подмират во рок од 5 дена од денот на објавување на ова соопштение.
Доколку обврките не бидат навремено регулирани, против должниците ќе биде поведена постапка за присилна наплата согласно важечките прописи.
Ги повикуваме должниците навремено да ги регулираат своите обврски или да се обратат во јавното претпријатие во с.Мешеишта за отплата на рати, со цел избегнување дополнителни трошоци и постапки.
ЈП за комунална дејност Дебрца