Sep 25, 2024
Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.
Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува да бидат ставени во функција.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Sep 20, 2024
Во село Сливово по санацијата на каптажата извршена е изведба на доводен крак за водоснабдување, во должина од 400 метри за потребите на жителите на село Сливово.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.

Sep 13, 2024
Во рамките на Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Белчишта-село Злести, во должина од 1400 метри.
Sep 13, 2024
Во село Мешеишта привршува доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во оваа фаза се изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а поставени се и 16 ревизиони шахти.
Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.
Општината ќе издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година за доизградба на уште неколку канализациони краци.
Sep 11, 2024
Во село Годивје завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом,во површина од 360 м2.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 751.778 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Sep 6, 2024
Во село Злести завршена е регулацијата на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, со што се обезбедува поекономично наводнување, а истовремено и проширување на улицата.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 1.056.000 денари, а средствата се обезбедени од
Буџетот на општината за 2024 година.