Select Page
Извршена дератизација на канализационите системи

Извршена дератизација на канализационите системи

Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.

Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти  во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.

 

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.

Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница (поранешна продавница) во село Ботун.

Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница (поранешна продавница) во село Ботун.

Со реконструкцијата се изврши промена на кровот,промена на старата дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешните простории и подови.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 2.022.225 денари, кои се обезбедија од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Интензивно се  работи на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта

Интензивно се работи на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта

Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.

Во оваа фаза се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености други настани.

Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории,ИТ инсталацијата, како и фасадата од северната и западната страна и други активности.

Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година.

 

Монтиранa  нова вертикална центрифугална пумпа за водоснабдување на село Мешеишта

Монтиранa нова вертикална центрифугална пумпа за водоснабдување на село Мешеишта

Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува  да бидат ставени во функција.

 

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

 

Изградба на доводен крак за водоснабдување во село Сливово

Изградба на доводен крак за водоснабдување во село Сливово

Во село Сливово по санацијата на каптажата извршена е изведба на доводен крак за водоснабдување, во должина од 400 метри за потребите на жителите на село Сливово.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.

Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Во рамките на Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Белчишта-село Злести, во должина од 1400 метри.