Oct 11, 2023
Почитувани граѓани,
11 Октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност.
На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Востание кое мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската република.
Во најубавата приказна за слободна Македонија посебно е вградена и нашата Дебрца,
Во Дебрца, на Славеј Планина е формирана првата регуларна воена единица на НОВ и ПОМ, баталјонот “Мирче Ацев”, во Сливово е формирана Првата македонска-косовска ударна бригада, во Црвена Вода е објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ.
Наша должност останува да го чуваме она за кое се дадени многу животи.
Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе.
Нека ни е честит празникот, нека ни е вечна Македонија !
Sep 8, 2023
По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, во која се вели:
Дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември, Денот на независноста, со желби за мирна и просперитетна иднина на сите граѓани.
На овој голем ден, пред точно 32 години на 8-ми септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија на референдум јасно и недвосмислено ја изразија својата определба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Од тогаш Македонија гордо чекори по патот на независноста, самостојноста и сувереноста но надоградуваќи се и со меѓународните интеграции.
Денот на независноста e во колективаната меморија на Македонскиот народ како нераскинлив дел од сите нас за исполнување и продолжување на сонот и желбата на нашите предци за слободна, самостојна, суверена и независна Република Македонија.
Ја користам оваа прилика во мое лично име и името на вработените во општина Дебрца уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за мир, стабилност, економски просперитет и општа благосостојба на сите граѓани и воедно Ви посакувам пријатно празнично расположение.
И нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија !
May 1, 2023
Почитувани сограѓани, почитувани работници !
Ви го честитам 1.Мај- Меѓународниот ден на трудот со желба за успех во работата, зачувување и унапредување на правата на работниците, достоинствен третман од општеството и заедницата кон вашиот труд и соодветна валоризација на истиот.
Работникот е нераскинлива алка во сите економски,стопански и општествени текови во општината и државата и затоа ја заслужувате сета почит, внимание и достоинствено вреднување на Вашиот труд.
Бидете секогаш горди и достинствени на тоа што го работите, но бидете сложни и истрајни за унапредување на Вашите работнички права.
Честит, 1.Мај – Меѓународниот ден на трудот
Apr 21, 2023
На сите верници од исламската вероисповед им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.
Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.
Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме темелен напредок во нашето општество.
Честит Рамазан Бајрам
Apr 15, 2023
Почитувани граѓани, православни христијани,
Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје и хармонија во Вашите семејства.
Христос Воскресе !
Jan 6, 2023
Почитувани сограѓани, православни христијани,
Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, празник на мирот и празник на радоста.
Господ Исус Христос во една прилика им порача на своите апостоли: „Мир ви испраќам од небото“.
Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите Нас, да ги посети сите наши домови и тој Мир да ни даде сила во деновите кои доаѓаат, за да се справиме со сите искушенија и нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранција , љубов и разбирање.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :
Мир Божји – Христос се роди !