Select Page
Известување за спроведување на теренска вакцинација против сезонски грип

Известување за спроведување на теренска вакцинација против сезонски грип

Ве известуваме дека на ден 08.11.2024 ќе се спроведи теренска вакцинацинација против сезонски грип во селата:
с. Идеглавје во 14:00h
с. Слатино во 14:30h
с. Оздолени во15:00h
с. Велмеј во 15:30h
с. Лешани во училиштето во 16:30h
с.  Белчишта во училиштето во 17:00h
с. Ботун во 17:30h

Доколку во некое од селата има непокретни болни лица да се пријават за вакцинација на тел.071 366 564.

Склучен  договорот  за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2/

Склучен договорот за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2/

Вчера  во Владата Градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на склучување на договор за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.

Во рамките на Јавниот повик на Владата општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2 /,во должина од 1400 метри.

За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари.

 

По спроведување на тендерската постапка проектот ќе се имплементира.

Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка – Општина Дебрца

Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка – Општина Дебрца

Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка.  Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата  на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција,со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и во чии рамки беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта,каде е сместен Изложбениот центар.

Во Центарот преку текстови, фотографии и примероци од растенија и животни прикажани се многу сегменти од флората и фауната, со кој располага Белчишкото Блато, најголемото блато, сочувано во неговата оригинерна  форма

Градоначалникот Зоран Ногачески изрази  голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија,која финансиски ја помогна реконструкцијата и опремување на објектот, во кој е сместен Изложбениот центар како и US FOREST Service.

Градоначалникот Зоран Ногачески изрази  благодарност и до Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид,кое заедно со општината годиниве работеше на повеќе проекти за Белчишкото Блато, од кои најзначајни се тие за изготвување на целокупната документација за оправданоста за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје,во категорија “Парк на природата”,постапка која е во тек. Тимот на “Екотуризам 2016”, на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим се погрижија  за креирање на сите содржини внесени во центарот.

Со отворањето на Центарот општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор,преку кој се репрезентира дел од природното богатство на Дебрца,кое е дел од светското природно наследство.

Крајно, нашата заложба е Изложбениот центар да биде дел од промовирањето на Белчишкото Блато до сите засегнати чинители /туристи,посетители,ученици,стручна јавност/, а Белчишкото Блато да го добие заштитениот статус и по националната регулатива и како идно европско заштитено подрачје, во рамките на Натура 2000. Наша обврска останува да се обезбеди негово одржливо управување,зачувување на неговиот заштитен статус,но и негово искористување како атрактивна туристичка дестинација.

Изложбениот простор ќе може да се посети секој работен ден од 8:00 часот до 14:00 часот  со предходна најава во општина Дебрца на телефон 046/286-855

 

Активности на општинската механизација во село Лешани

Активности на општинската механизација во село Лешани

Деновиве со општинската механизација се изврши ископ и затрпување на ров за поставување на црево за водоснабдување и кабел за електрична енергија до црквата “Св.Недела”, како и порамнување на стрмниот дел од патот до црквата “Св.Атанасије”,во село Лешани.

Покана за Свечено отворање на Природнонаучната и етнолошка збирка, Изложбен центар за Белчишко Блато – Општина Дебрца

Покана за Свечено отворање на Природнонаучната и етнолошка збирка, Изложбен центар за Белчишко Блато – Општина Дебрца

Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното.

По тој повод, Ве покануваме на свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато.

Отворањето ќе се одржи на 17.10.2024 г. (четврток) во 12 часот наспроти зградата на Општина Дебрца во село Белчишта.

Креираме вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување на овој прекрасен предел и да придонесат кон подобрување на своите заедници.

Прилог:

Покана

Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта

Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта

Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

 

Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.