Select Page
Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.

 

 

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, претставници на Општина Дебрца, членови на советот на општина Дебрца како и  претставници на Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ.

 

Нека ни е честит празникот!

 

Испраќање на Илинденската коњаница од Славна Дебрца

Испраќање на Илинденската коњаница од Славна Дебрца

Денес во село Сливово во престерет на чествување на големиот Христијански празник  посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан  на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на  планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.

Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската православна црква.

Историските моменти се нераскинлив дел од Дебрца, борбите на комитите по падините на планините на територија на Дебрца за слободна Македонија се паметат и се чествуваат.

На коњаницата им се заблагодаривме за можноста селото Сливово да биде местото на тргнување и започнување на чествувањата на празникот св.Илија – Илинден  и во име на Градоначалникот на општина Дебрца им посакавме мирен галоп по падините на територија на Дебрца  како и безбедно стигнување до крајната дестинација.

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува.

Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство.

На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија.

Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.

 

Свечено доделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование

Свечено доделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование

Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено деделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование.

Градоначалникот  Зоран Ногачески На сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.

На настанот, на ученикот Мартина Цветаноска во име на општина Дебрца, и додели плакета за првенец на генерација, а на учениците Јована Тодороска, Никола Дукоски, Елисавета Крцоска и Климент Бујароски плакети за пофалени ученици на генерација.

На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.

И оваа година општината на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.

Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.

Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.

 

Одбележан 22-Мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Општина Дебрца

Одбележан 22-Мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Општина Дебрца

Денес, на Светскиот ден на биолошката разновидност, во Општина Дебрца беше  одбележан 22 мај –  Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.

Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и ароматични билки и плодови од природата со кои изобилува Дебрца. Слични активности се планираат во наредниот период за пошироката јавност.

Активностите се поддржани од US Forest Service и тековните проекти кои Ектоуризам 2016 го спроведува со општина Дебрца, а се со цел  истражување на природните богатства и нивно одржливо искористување за развој на општината.