May 17, 2024
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.
Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Мешеишта, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Мешеишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.
Apr 26, 2024
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата во село Слатино се одбележаа 23 години од загинувањето на водникот Игор Костески, припадник на специјалната единица на АРМ “Волци” и уште седумте негови соборци,припадници на одбранбените сили на Република Македонија, на ден 28 Април 2001 година,кај тетовското село Вејце.
Обраќање за настаните од воениот конфликт 2001 година и грозоморниот чин во Вејце имаше Добре Велјаноски од охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста.
Нека им е вечна слава.
Хероите никогаш не умираат.
Apr 3, 2024
Денес се одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато е идна Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот и Државата а ќе биде препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.
Mar 21, 2024
Денес во присуство на учениците на ООУ,,Дебрца” село Белчишта,Наставниот кадар,претставниците на Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” и Градоначалникот на Општината го одбележаа Меѓународниот ден на Шумите и денот на пролета 21-март, со засадување на дрвца во кругот на ООУ ,,Дебрца”-Село Белчишта. Засадени се дрвца од видот на автохтона круша како и од видот на Гинкото ( Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко. Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во одредени места и се одликува со голема отпорност на екстремни услови, истото ќе се користи за едукативни цели на учениците со неговите каратеристики.

Меѓународниот ден на шумите се слави насекаде низ светот секоја година на 21 Март на меѓународно ниво, со цел да се зголеми јавната свест меѓу заедниците за вредностите, значењето и придонесот на шумите за да се балансира животниот циклус на земјата.
Шумите се суштински дел од животот на Земјата. Тие секогаш ги исполнуваат барањата на човечките суштества преку обезбедување сенка, засолниште, освежување вклучувајќи чист воздух и вода. Во современиот свет на растечка глобална популација се зголемуваат барањата на шумските производи, така што шумите се изложени на голем ризик од уништување и деградација
Шумите се сложена жива заедница на дрвја која обезбедува дом и засолниште за голем број на животни, а почвата под неа го населуваат разновидноста на без’рбетници, габи и бактерии кои играат значајна улога во балансирањето на циклусот на хранливи материи во почвата и во шумата.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста за значењето на природата и важноста на шумите и нивната заштита.
“Кај ќе најдеш згодно место
Ти дрво засади,
дрвото е благородно,
тоа ќе те награди “
Feb 22, 2024
Минатата година на неколку пати го помогнавме ЖФК “Билјанини Извори” Охрид, обезбедувајќи превоз за учество на неколку меѓународни турнири / Плевља,Црна Гора и Читлук/ Босна и Херцеговина.
Во знак на благодарност младите фудбалерки со нивниот претседател пријатно изненадија и донираа 50 фудбалски топки за ООУ “Дебрца”.
Донацијата ја прими директорката на основното училиште.
Благодарност и мотив за понатамошна соработка.
Feb 2, 2024
Денес во Општина Дебрца беше потпишан Меморандум за Соработка помеѓу Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам-2016” и Градоначалникот на Општина Дебрца за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца.
Носител на активностите е Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам-2016” во соработка со Општина Дебрца каде во наредниод период е предвидено изработка на анкети и консултации и организирање на настани со жителите на општината за навремена и квалитетна изработка на студијата .
Со изработката на Студија за стратешки развој на Eкотуризмот ќе бидат опфатени можностите за развој на екотуризмот-како гранка за економски развој во општината како и сите постоечки и можни нови какапцитети кои ќе придонесат за развој на овој вид на туризам кој општината го поседува, како и ќе бидат опфатени и нови проекти кои општината во наредниод период ќе треба да ги спроведува за забрзан развој на Eкотуризмот како форма за целокупен развој на општината.
