Select Page
Градоначалникот Зоран Ногачески се приклучи на националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024”

Градоначалникот Зоран Ногачески се приклучи на националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024”

Во знак на поддршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства и оваа година особена чест ни претставува што општина Дебрца ќе биде дел од националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024” , а која ќе заврши со одбележување на 29 Февруари-Светскиот ден на ретките болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести и влијанието што тие го имаат врз квалитетот на животот на пациентите и нивните права и потреби. И оваа година општината финансиски ќе ги помогне активностите на Здружението на граѓани за ретки болести “Ретко е да си редок”, од Охрид,а заедно со учениците и наставниците од ООУ “Дебрца” активно ќе се вклучиме во националната кампања и одбележувањето на светскиот ден на ретките болести. И секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток.

Одржана Петтата (последователна) форумска сесија од проектен форум во Општина Дебрца во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2”

Одржана Петтата (последователна) форумска сесија од проектен форум во Општина Дебрца во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2”

Денес во Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2  кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ја реализира  петтата форумска сесија од проектот.

На петтата форумска сесија  учесниците на форумот  имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.

Во рамките на Проектните активности кои општината ги реализираше изврши – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа.

Вкупната вредност на проектот изнесува:2.605.212 МКД    од кои 1.953.909 МКД се грант на донаторот  и  651.303 МКД се учество на општина Дебрца .

 Како и обезбедена е и монтирана опрема, со која  се обезбедува пренос во живо на седниците на советот на општината каде ќе се емитуваат на YouTube каналот на Општина Дебрца, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.

Општината и во наредниод период продолжува со соработка со Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, каде по поднесена апликација од страна на општина Дебрца и одобрена ќе се изработува Итегриран план за Локален Економски развој како стратешки документ на општината.

Во прилог На YouTube каналот на Општина Дебрца може да го погледнете краткото видео за активностите за изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа https://www.youtube.com/watch?v=7ly-MnBnfDs

Покана за петта форумска сесија од проектот  ” Зајакнување на општинските совети“-фаза 2 Презентација на постигнатите резултати од подпроектот Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа

Покана за петта форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“-фаза 2 Презентација на постигнатите резултати од подпроектот Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2  кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ќе ја реализира  петтата форумска сесија од проектот.

На петтата форумска сесија  учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.

Петтата форумска сесија ќе се одржи на 24.01.2024 (среда) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Дебрца с. Белчишта.

Вашето присуство на петтата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, и завршување на проектните активности.

Дневен Ред

 

     Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

Со низа свечености одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година  и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта

Со низа свечености одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта

Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година.

Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.

Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот.

Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата истакна градоначалникот Ногачески.

Денешниот ден е и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта,а учениците и наставниците по тој повод со пригодна свеченост под мотото “Ние сме деца на иднината”го одбележаа патрониот празник.

 

 

Oдбележан јубилејот 80 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

Oдбележан јубилејот 80 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

Денес во Црвена Вода и Белчишта,се одбележа  јубилејот 80 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.

Во село Црвена Вода се посети  Спомен собата на ГШ НОВ и ПОМ и се одржа историски час, а во село Белчишта се промовираше обновената Спомен соба од НОБ.

Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање пред присутните посебно го истакна следното:

Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.

Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја. И во времето на Светиклиментовата Кутмичевица и во илинденскиот период и во текот на НОБ. Тука се исковани најголемите придобивки од НОБ.

Затоа, имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.

Нашата визија е да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца, да го сочуваме нејзиното богато природно, културно и историско наследство. Наследство кое не е само наше, на општина Дебрца и Македонија, туку е и светско наследство.

Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.

Информација за ѓраѓаните  за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD  фонд

Информација за ѓраѓаните за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD фонд

Телото за управување со IPARD при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел започнување  и доближување на можностите за користење на средствата од IPARD програмата со потенцијалните корисници. Со оглед на фактот, дека IPARD Програмата има голем опфат, во сите економски гранки преку трите акредитирани мерки кои ќе бидат презентирани на овој настан се следни:

 

  • Мерка 1 :Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади).

 

  • Мерка 3 : Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи( изградба на преработувачки капацитети- млекари, кланични капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема за истите и сл).

 

  • Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини ( поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности, кои се лоцирани во рурални средини)

 

На презентацијата ќе присуствуваат претставници на Телото за управување со IPARD и претставници на Агенцијата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Настанот во Општина Дебрца ќе се реализира  на ден 13.09.2023 година (Среда) со почеток во 11:00 часот во салата за совет на Општина Дебрца.