May 12, 2023
Општина Дебрца Ве информира дека е подготвена Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.
Со цел да ја презентираме и претставиме и воедно да разговараме за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа, Општина Дебрца организира состанок во среда (17.05.2023) во 11:00 часот во просториите на општина Дебрца.
На состанокот ќе присуствуваат членовите од Одборите на Корисници, релевантни лица од општината, Градоначалникот и координарот на проектот.
Презентација ќе извршат стручни лица / претставници од Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за Финансии на Република Северна Македонија, како и од консултантската екипа која ја изработуваше студијата.
May 10, 2023
На првенството учествуваа околу 120 деца од основните училишта од Општините Струга,Охрид,Вевчани,Дебрца кои беа поделени во 4 категорни групи (8,10,12,14 год).Се играше во спортска сала во ПУ Јахја Кемал во Струга.
Турнирот го организираше Младинската Шаховска Школа Струга во соработка со ШК Ласкер од Охрид,со техничка и логистичка поддршка на ПУ Јахја Кемал Струга.
Од Општина Дебрца учествуваа ученици од ООУ”Дебрца” с. Белчишта.
Општина Дебрца го подржа Првото Регионално првенство за млади во шах Lake Queen School Cup 2023 со средства обезбедени од буџетот на Општина Дебрца.
May 9, 2023
Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија, кој ќе се одржи од 20-26 Мај 2023 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 24 и 25 Мај 2023 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 35 евра ноќевање со појадок ).
Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 12 Мај 2023 година, на следниот контакт:
Ѓоко Јордески 078281242
Игор Калески 075391404
May 9, 2023
Денес, со посета на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“,Белчишта Градоначалникот Зоран Ногачески положи свежо цвеќе каде се одбележа 78 години од победата над фашизмот.
Градоначалникот Ногчески истакна дека Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.
Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.
9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мора да се негуваат.
Apr 28, 2023
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата на водникот Игор Костески, заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес, во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 22 години , кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола ).
Вејце не смее ниту да се заборави, ниту да се прости.
Нека им е вечна слава на македонските херои.
Apr 27, 2023
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка на 12.05.2023 година каде е предвидено акција да започне на две локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта. Учесниците заеднички ќе пристапат на чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, Плато пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор на ООУ ,, Дебрца”.
МЕН ЕНД МАУНТЕН ја организира оваа пролетна акција за чистење секој втор викенд од Мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти отпадот кој се создава и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат.
Оваа ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 23 ќе се одржи на 12.-14. Мај 2023 година во
53 општини – што претставува повеќе од 1.500.000 граѓани. Годинешната ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД вклучува:
– 53 општини учеснички
– повеќе од 85% од вкупното население на Северна Македонија
– повеќе од 13.000 волонтери
– повеќе од 400 училишта
Согласно меморандумот меѓу Министерството за земјоделство и ДОО „Мен енд Маунтен “Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.