Feb 11, 2020
Утре (12/02/20 г) на граничниот премин „Свети Наум“ официјално ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку програмата за прекугранична соработка со Р. Албанија.
На настанот предвидено е свое обраќање ќе имаат Г-дин Сашо Точков, Претседателот на Црвен крст Охрид, Г-дин Горан Милевски, Министер за Локална самоуправа на Р. C. Македонија, Г-дин Никола Бертолини, Раководител на одделот за соработка во ЕУД во Р. C. Македонија, Г-дин Гент Чакај, в.д. Министер за Европа и надворешни прашања на Р.Албанија, Г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца, Р. С. Македонија, Г-дин Клодиан Таче, градоначалник на општина Грамш, Р. Албанија и Г-дин Гоко Танасоски директорот на Царинската управа на Р.С. Македонија.
Во рамките на настанот ќе биде потпишан на меморандум за соработка помеѓу Планинската Спасителна Служба и НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТИВЕН ЦЕНТАР за Гранично Управување.
Со овој проект, во општина Дебрца како еден од директните партнери во проектот, предвидено е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкцја пропустите и патот од Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови. Исто така предвидени се и обуки за прва помош во зимски услови,
Ова е втор проект кој општина Дебрца го спроведува во рамките на пограничната соработка во насока на подобрување на алтернативниот туризам во општината.
Feb 10, 2020
Денес градоначалникот Зоран Ногачески оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Градоначалникот гостите ги запознав со проектите кои општината ги реализира преку програмата за рурален развој.
На средбата се разговараше и за состојбите и проблемите кои ги имаат земјоделците во општината.
Од страна на Директорот на АФПЗРР беше информиран дека денес е објавен повикот за мерката “Млад земјоделец”, со која државата доделува неповратна финансиска поддршка од 20.000 евра.
Feb 9, 2020
Утре 10.02.2020 год. во 11:00 часот во официјална посета на општина Дебрца доаѓа министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство г-дин Трајан Димковски. Во рамките на посетата предвидена е средба на министерот Димковски со градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.
Feb 1, 2020
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески од проектниот координатор Ѓоко Зороски прими во трајно владение две нови автобуски постојки во селата Белчишта и Ботун. Постојките информираат за Белчишкото Блато, кое е природен бисер во овој дел од државава. Со оваа активност Општина Дебрца се вклучува во одбележување на Светскиот ден на блатните живеалишта, кој оваа година се слави под мотото: Блатните живеалишта и биодиверзитетот.
Целта на оваа инфраструктура е остварување, унапредување, промоција и поддршка на активностите на проектот “Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишкото Блато (Сини Вирој)”, кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“, Охрид и канцеларијата на UNDP, Скопје и е дел од проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, финансиран од ЕУ, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Наскоро на овој локалитет ќе бидат поставени и фото-замки – камери со кои постојано ќе се следи живиот свет, а посебно крупните цицачи и птиците.
Во идниот период со сите засегнати чинители ќе се работи за прогласување на блатото за заштитено подрачје на национално ниво, а блатото е веќе идентификувано како идно европско заштитено подрачје во рамките на мрежата НАТУРА 2000.

За љубителите на природата, во рамките на проектот е снимен документарен филм кој може да се погледне на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=KetAa_XrV4c&t=16s
Jan 27, 2020
Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта.
„Средствата се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а ќе се користат за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици, односно за подобрување на општинската патна инфраструктура. Ние веќе имаме аплицирано со три проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески..

Општината со ресорното министерството потпишаa Меморандум за соработка за проектот кој ќе трае 3 години. Ние се обврзуваме наменски да ги искористиме средствата за да се подобри локалната патна инфраструктура, вели Ногачески. Во наредниот период ние како општина ќе аплицираме со уште неколку проекти. Приоритетна одлука за уште два- три патни правци треба да дадат советниците.
„ Проектите ќе бидат приоритизирани според потребите кои ги имаме од реконструкција на постоечки патни правци или улици. Приритеот ќе го утврди советот на општината“.
Во општината со владиниот проект треба да се реконструираат околу 10 км локални патишта, со изградба на одводни канали, банкини и други пропратни делови на патната инфраструктура.
Jan 25, 2020
EN: Municipality of Debrca announces the following Invitation for Tender for Logistics of events-Events’ Organization for the CONSE-PP project.
MK: Општина Дебрца објавува Повик за поднесување на понуди за Организирање и поддршка на настани за проектот CONSE-PP.