Jan 13, 2025
Екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца и дополнително ангажираната механизација уште во текот на вчерашниот ден се на терен, од раните утрински часови за чистење на снегот на територијата на Општина Дебрца.
Првенствено се чистат главните патни правци до населените места.
Поради обилните врнежи и наноси некои патни правци ,особено оние кон планинските села се чистат по неколку пати.
Чистењето на патните правци,вклучително и на улици во селата каде што има потреба ќе продолжи се до обезбедување на нивна проодност.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките за безбедност во зимски услови
Благодариме на разбирањето и соработката на сите жители на општина Дебрца.
Jan 9, 2025
Пред крајот на 2024 година заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани.

Се изврши реконструкција на кровот,замена на прозорци и врати ,обработка на внатрешни ѕидови,тавани со кнауф,надворешна фасада со абрип,бетонски тротоари.
Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
Jan 6, 2025
Почитувани сограѓани, православни христијани,
Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :
Мир Божји – Христос се роди !
Jan 1, 2025
Почитувани сограѓани,
Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.
Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж .
Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици, да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.
Ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2025 година.
Dec 31, 2024
Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.
Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Dec 31, 2024
Во село Ботун завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор, а во еден дел подигнато е и опремено мини детско катче/игралиште.
Вкупната вредност на работите изнесува 335.710 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.