Jun 21, 2023
Со тага и неверување ја примивме денешната вест за смртта на Љубен Стојкоски, долгогодишен секретар на општина Дебрца.
Роден 1957 година живееше во село Белчишта, Општина Дебрца,Образование- Дипломиран Правник.
Од 1997 година до 2005 година ја извршуваше функцијата Секретар на Советот на Општина Белчишта, од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата Секретар на Општина Дебрца и од 2017 до 2022 година ја извршуваше функцијата Секретар на Општина Дебрца.
Нема зборови за овој момент на тага кои може да се искажат, само најдобрите спомени и дела за Вас вечно ќе останат да се паметат.
Во име на Градоначалникот и во име на вработените на општина Дебрца до семејството испраќаме изрази на најдлабоко сочуство.
Нашето сочувство и молитви нека Ви донесат утеха и нека Ви ја олеснат болката поради оваа загуба.
Тешко да се поверува дека тој повеќе не е со нас, но запомнете дека она што го одржуваме живо во нашите срца и во нашите спомени и делата кои ги остави зад себе за Општина Дебрца никогаш нема да почине.
Нека Ти е вечна слава.
Jun 19, 2023
Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено предавање на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование на кој присуствуваше Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање на сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.
На настанот, на учениците Бисера Огненоска во име на општина Дебрца, и е доделена плакета за првенец на генерација, а на учениците Теона Лошкоска, Анабела Нелоска, Виктор Мијакоски и Христијан Ецкоски плакети за ученици на генерација, односно пофалени ученици.
На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.
Оваа година за првпат општината и на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.
Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.
Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.
Jun 17, 2023
Деновиве интензивно се работи на решавање на уште еден проблем во врска со водоснабдувањето во општината, проектот за реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово.
Се извршува целосна реконструкција на каптажата и поставување на HDPE водоводно црево фи 63, во должина од 400 метри.
Вкупната вредност на работите изнесува 468.608 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца за 2023 година.
Следна активност е изградба на нов водоводен крак, во должина од 1 км, во село Арбиново.
Jun 14, 2023
Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.
Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.”
Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.