Apr 26, 2023
Градоначалникот Ногачески присуствуваше на средбата со претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, претставници на Рамсарска конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење и експерти на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство (УНЕСКО ), која се одржа во Охрид.
Тема на разговор беше заштитата на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и исполнувањето на препораките на Унеско.
Остануваме посветени на потребата од интегрална заштита на Регионот, при што потребно е да се постигне баланс меѓу обезбедувањето на заштитениот статус и економскиот развој на Регионот, односно симбиоза меѓу човекот и природата.
Apr 21, 2023
На сите верници од исламската вероисповед им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.
Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.
Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме темелен напредок во нашето општество.
Честит Рамазан Бајрам
Apr 19, 2023
Денес во просториите на ОOУ ,, Дебрца” село Белчишта се одржа четврта форумска сесија од проектот,, Зајакнување на општинските совети” фаза 2
На сесијата се презентираа предлог проектите од страна на работните групи на форумот и тоа:
- Изградба на детско игралиште во село Требеништа.
- Поставување на топловоден систем за греење и изградба на пристапни рампи до објектот на ООУ ,, Дебрца “ село Оровник.
- Реконструкција на кровот на објектот ОOУ ,,Дебрца” село Белчишта.
На сесијата се пристапи кон бодување на предложените проекти од страна на учесниците при што како приоритетен проект беше избран предлог проектот:
- Изградба на детско игралиште во село Требеништа.
Во периодот кој следи Општина Дебрца во соработка со донаторот ќе ги превземе сите мерки и активности со цел реализација на избраниот приоритетен проект.

Apr 18, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во Првата, Втората и Третата форумска сесија.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 19.04.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на четврата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од вкупниот проектен фонд на УНДП.
Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.
Дневен ред четврта форумска сесија
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески