Apr 26, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 32-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 32–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 30.04.2024 година (вторник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 31-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка за 2023 година за Центарот за развој на југозападен плански регион
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2023 година
- Предлог – Одлука за давање на времено користење недвижна ствар – старо Основно училиште во с.Белчишта, изграден на КП бр. 2081, КО Белчишта
- Предлог – Годишна Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Дебрца
- Предлог – Годишна програма за дополнување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2024 година
- Годишна Програма за изменување и дополнување на годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2024 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
Mar 15, 2024
Во делот на приходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а остварени се 144.543.499,00 денари или процент на остварување од 114 %.
Во делот на расходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а направени се 114.077.791,00 денари или процент на остварување од 90 %.
Во делот на капиталните расходи / инвестиции од планираните 30.030.722 ,00 денари, рализирани се 23.491.645,00 денари или процент на остварување од 78 %.
Капиталните инвестиции се поголеми, бидејќи дел од инвестициите по поднесени апликации од општината директно се финансираат од националните програми, преку централниот буџет.
Салдото на буџетската сметка на 31.12.2023 изнесува 38.356.474,00 денари.
Салдото на доспеани, неплатени обврски на општината на 31.12.2023 изнесува 5.448.063,00 денари.
Трошоци за репрезентација на градоначалникот – нула денари
Трошоци за дневници за службени патувања на градоначалникот – нула денари
Повеќе детали за завршната сметка на следниот линк:
https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/2023.pdf
Mar 7, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 31-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 31-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 13.03.2024 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општинa Дебрца:
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 30-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2024 година
- Предлог – Одлука за субвенционирање на ЈПКД „Дебрца“ – Белчишта
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
Feb 23, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 30-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 30–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 28.02.2024 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 29-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2023 година
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за резервирани средства во Буџетот на општина Дебрца за 2024 за ескпропријација за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
Jan 24, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 29-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 29–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 29.01.2024 година (понеделник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца. За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 28-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на измена и дополнување на Годишен план за вработување
- Предлог – Одлука за усвојување на Локален Акциски План за управување со отпад на општина Дебрца за 2024-2025
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
Dec 27, 2023
На 28-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2024 година и Годишните развојни програми на општината за 2024 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2024 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2024 година е проектиран на износ од 173.000.000 денари од кој 72.340.989 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2024 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.