Feb 23, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 30-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 30–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 28.02.2024 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 29-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2023 година
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за резервирани средства во Буџетот на општина Дебрца за 2024 за ескпропријација за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
Jan 24, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 29-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 29–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 29.01.2024 година (понеделник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца. За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 28-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на измена и дополнување на Годишен план за вработување
- Предлог – Одлука за усвојување на Локален Акциски План за управување со отпад на општина Дебрца за 2024-2025
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски
Dec 27, 2023
На 28-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2024 година и Годишните развојни програми на општината за 2024 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2024 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2024 година е проектиран на износ од 173.000.000 денари од кој 72.340.989 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2024 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Nov 13, 2023
Советот на општина Дебрца денес ја одржа редовната 26-та седница.
Советот ја констатира оставката на претседателот Илчо Алексоски, кој од лични причини поднесе оставка на функцијата претседател на советот на општина Дебрца.
За нов претседател на советот со 6 гласа “за” и 5 гласа “воздржан” избран е Никола Короскоски, советник од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Советот на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот на општината за 2023 година, кварталниот извештај за остварувањето на Буџетот на општината за периодот од 01.01.- 30.09.2023 година, како и 12 годишни програми за 2024 година од негова надлежност.