Select Page
Известување за подигање на комунален отпад 03.07.2026 (Понеделник)

Известување за подигање на комунален отпад 03.07.2026 (Понеделник)

ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува жителите  на населените места Оровник и Горенци дека, поради неработниот ден 03.08.2026 година (понеделник), редовно подигање на комуналниот одпад нема да се изврши според вообичаениот распоред.

Подигање на одпадот ќе се изврши во Вторник,04.08.2026 година

 

Ви благодариме на разбирањето

Асфалтирање на улици во село Годивје

Асфалтирање на улици во село Годивје

Во селото Годивје успешно заокруживме едно навистина големо и благодетно дело, кое претставува важен чекор кон подобрување на животниот стандард на мештаните.
⛪ По цели децении чекање и слушање празни ветувања во минатото, конечно го асфалтиравме патот што води до селската црква „Св. Ѓорѓија“, овозможувајќи им на верниците и на сите посетители достоинствен и лесен пристап до овој значаен духовен храм.
🛣️ Нашите градежни активности не застанаа само на тоа, па во рамки на овој инфраструктурен зафат целосно го асфалтиравме и сретселото, како и потегот, односно улицата која се протега од самиот центар на селото па сè до месноста Горна Река.
🤝 Вложувањето во патната мрежа во нашите рурални средини е единствениот вистински начин да им ги обезбедиме на граѓаните основните услови кои ги заслужуваат и да го олесниме нивното секојдневно функционирање.
🏗️ Како локална самоуправа остануваме максимално посветени на рамномерниот развој на секое населено место, бидејќи Дебрца мора да оди напред преку реализација на реални проекти кои трајно го решаваат проблемот на жителите.
Воведен систем за е-наплата на комунални услуги на ЈП за комунална дејност Дебрца

Воведен систем за е-наплата на комунални услуги на ЈП за комунална дејност Дебрца

ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува корисниците дека е пуштен во употреба нов систем за електронска наплата на комунални услуги преку веб-страницата на претпријатието.

Преку системот за е-наплата, корисниците можат брзо и едноставно да ги платат своите фактури online со внесување на бројот на фактурата и e-mail адреса.

Доколку корисникот не го знае бројот на фактурата, информации може да добие на телефонскиот број 046/286-887 или писмено на e-mail адресата komunalecdebrca@hotmail.com.

На веб-страницата https://jkpdebrca.mk/  се достапни детални упатства за:

користење на системот за е-наплата;

преглед и плаќање на неплатени фактури;

внесување на состојба на водомер;

пријава за електронски прием на фактури.

 

Со воведувањето на оваа услуга, ЈП за комунална дејност Дебрца продолжува со дигитализација на услугите и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи побрз, поедноставен и подостапен начин за комуникација и плаќање на обврските.

 

Успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани

Успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани

Почитувани сограѓани, уште едно ветување станува реалност!
📍 Денес успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани.
🛣️ Поставени се вкупно 500м2 асфалт.
💼 Овој проект е реализиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на општина Дебрца.
🚶‍♂️ Со ова уредување значително го олеснуваме секојдневието и обезбедуваме подобри услови за сите жители.
🚜 Нашата визија е јасна – рамномерен развој и вложување во секое населено место.
💪 Не застануваме тука, механизацијата оди понатаму.
🤝 Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и домаќински за нашата Дебрца!
Набавен нов трактор и дополнителна механизација за поефикасно одржување на јавни површини

Набавен нов трактор и дополнителна механизација за поефикасно одржување на јавни површини

Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа.
На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Валон Каба, кои ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка за унапредување на комуналните услуги во општината.
Во рамки на проектот се набавени:
Трактор,
Нож за чистење снег,
Тракторска хидраулична рака со мулчер,
Пила за кастрење гранки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.693.410 денари, при што од страна на  Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа се одбезбедени 1.594.000 денари и Општина Дебрца обезбеди сопствено кофинансирање во износ од 1.099.410 денари.
Со новата механизација значително ќе се подобри работата на Општина Дебрца, особено во одржувањето на локалните патишта, чистењето на снег во зимски услови, уредувањето на јавните зелени површини и кастрењето на гранките.
Општина Дебрца и Центарот за развој на Југозападниот плански регион остануваат посветени на реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот и поефикасни јавни услуги за сите граѓани.
Набавено целосно ново комунално возило

Набавено целосно ново комунално возило

Почитувани сограѓани, споделувам уште една убава вест за нашата Дебрца!
🚛 Набавивме целосно ново комунално возило.
⚙️ Овој модерен камион од денес му служи на ЈКП „Дебрца“.
♻️ Го решаваме предизвикот за поефикасно и побрзо собирање на отпадот.
✅ Ова е директно исполнување на нашата заложба за нова комунална механизација.
🍃 Нашите села и природата заслужуваат највисоко ниво на хигиена.
🤝 Апелирам до секој од вас – да ја чуваме заедно животната средина.
💪 Одиме понатаму, за модерна и чиста општина!