Select Page
Општина Дебрца со најдобар раст на транспарентна општина

Општина Дебрца со најдобар раст на транспарентна општина

Деновиве Центарот за граѓански комуникации го објави 📃Извештајот за активна транспарентност на 97 јавни институции за 2021 година.

За потсетување, според Индексот на активна транспарентност 2017 ( за период на претходната локална власт), општина Дебрца го зазеде 86-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели, со оценка “многу слаба транспарентност”.

Според Индексот на активна транспарентност 2020, општина Дебрца го зазеде 44-то место од вкупно 98 институции, со резултат од 63,8 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.

Според Индексот на активна транспарентност 2021, општина Дебрца го зазеде 38-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 72,5 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.

Од 2017 година до 2021 година во поглед на транспарентноста општина Дебрца направила позитивен скок од 48 места!

Од сосема нетранспарентна и затворена општина стигнавме до препознатлива и отворена општина.

И во наредниот период посветено ќе работиме на концептот отворена и транспарентна општина .

Целта ни е , со примена на стандардите за е-транспарентност да стигнеме во групата на институции со многу добра транспарентност ‼️ ✅

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Рамазан Бајрам

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Рамазан Бајрам

Почитувани наши сограѓани, верници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Нека празникот Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.
Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година.
Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани граѓани, православни христијани,

Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.

Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во здравје, мир и радост.

Овие празнични денови да ги посветиме на семејството, на реафирмацијата и јакнењето на семејните вредности и потсетување на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.

Воедно, Ве повикувам да бидеме стрпливи, дисциплинирани ,да ги почитуваме препораките за борба против коронавирусот и да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски.

Христос Воскресе !

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Христијанскиот празник Богојавление

Денес е Богојавление – Водици, празникот кој потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан.

Благородната порака на овој празник е дека сè може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува.

Токму затоа, прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.

Бог се јави ! За многу години !

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани, православни христијани,

Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога.

Божик е празник на мирот и празник на радоста.

Господ Исус Христос при една прилика им порача на своите апостоли: „Мир ви испраќам од небото“.

Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите Нас, да ги посети сите наши домови и тој Мир да ни даде сила во деновите кои доаѓаат, за да се справиме со сите искушенија и нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранција , љубов и разбирање.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

Мир Божји – Христос се роди !

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Рамазан Бајрам

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

На крајот сме на уште една година, година која ќе остане запаметена по светската пандемија, која ни го промени начинот на живеење.
Сепак, нашиот народ убаво рекол-“секое лошо за арно нека е”.
Тешките ситуации не ни доаѓаат со цел да ни ја одземат надежта, туку да не зацврстат уште повеќе, да научиме да дишеме со полни гради, да не го гледаме животот само низ призмата на она што е некој должен да го направи за нас, туку и преку призмата на тоа што ние како луѓе треба да направиме во овој свет околу нас.
И затоа, во Новата година да влезема со нови сили и верба дека се ова за бргу ќе помине и повторно ќе се вратиме во нормалност.
Во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.
Да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.
Претстојните празници да ги поминеме во кругот на семејството, со нашите најблиски и да празнуваме одговорно.
Среќна Ви нова 2021 година.
Да сме здрави и живи !