Feb 7, 2024
Започнаа активностите за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца. За таа цел е изработен Анкетен Прашалник – за туристи и посетители и за локалните жители на Општината
Прашалникот е анонимен. Сите информации обезбедени од Вас ќе бидат доверливи и ќе се користат само за општа статистичка анализа. Секој ваш одговор ќе биде многу важен и корисен за истражување.
Ова истражување служи како основа за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца.
Линк за влез до прашалникот:
1.За туристи и посетители: https://docs.google.com/forms/d/1IyoqkIHFhiyteMSrYC1HQZAwZAyo-qno-at40B19kaU/edit?ts=65bcf7da
- За локални жители на Дебрца: https://docs.google.com/forms/d/1Izc-ZHJ0Q3HOkdWwkcvljZzfN2OhUlsPFVuKFwwgpwM/edit?ts=65bcf2ea
Feb 5, 2024
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С.Македонија ,број 01-109/1 од 02.02.2024 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2023/2024 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за учебната 2023/2024 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
- II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1.да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
2.да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
3. да не повторувале година во текот на образованието;
4.да имаат континуирано примерно поведение;
- да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
- да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-остварениот успех,
-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- Извод на родени на ученикот ( копија );
- Копија од трансакциска сметка на ученикот (доколку има) или на еден од родителите;
- Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година;
- Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
- Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
- Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
- Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
- IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 27.02.2024 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 10.03.2024 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
Прилог Пријава и Изјави:
Пријава-Изјави Ученици
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Feb 5, 2024
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија, број 01-108/1, од 02.02.2024 година, Градоначалникот на општина Дебрца објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2023/2024 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за студиската 2023/2024 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија .
- УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1.да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
2.да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 , а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
- да не повторувале година во текот на студирањето;
- да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
- да се државјани на Република С.Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2023/2024 година за сите студиски програми.
-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2023/2024 година ( оригинал );
- Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
- Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се согласува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
6.Фотокопија од индексот;
- Копија од трансакциска сметка на студентот.
- МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 27.02.2024 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 10.03.2024 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
Прилог Пријава и Изјави:
Пријава – Изјави Студенти
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Jan 17, 2024
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2 кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ќе ја реализира петтата форумска сесија од проектот.
На петтата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.
Петтата форумска сесија ќе се одржи на 24.01.2024 (среда) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Дебрца с. Белчишта.
Вашето присуство на петтата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, и завршување на проектните активности.
Дневен Ред
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Jan 15, 2024
Ве информриаме дека Управата за заштита на културното наследство согласно мерките за рехабилитација содржани во Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион и Заклучокот од Сто осумдедест и седмата седница на Владата на Република Северна Македонија (бр. 41-9086/4 од 26 септември 2023 год.), изработи ,,Упатство за имателите на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО“, достапно за слободно преземање во електронска форма од веб-страна на Управта за заштита на културното наследство: https://bit.ly/41UWkEg
На следниот линк може да пристапите до Соопштението за јавноста за изготвување на Упатството: https://bit.ly/3RU49p5
Како локална самоуправа која се наоѓа во границите на заштитениот регион, упатуваме на можноста да извршите информирање за Упатството кое е прикачено на официјална веб-страна на Управта за заштита на културното наследство со цел поголема достапност и преземање од страна на секој заинтересиран чинител. На тој начин навремено ќе ги информираме и ќе им помогнеме на имателите на недвижни културни добра во навигацијата низ законските обврски пред да преземат каква било интервенција врз заштитените добра.
Dec 27, 2023
На 28-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2024 година и Годишните развојни програми на општината за 2024 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2024 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2024 година е проектиран на износ од 173.000.000 денари од кој 72.340.989 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2024 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.