Mar 10, 2024
Се привршува еден од најголемите проекти во општина Дебрца во делот на патната инфраструктура, реконструкција на улица и плоштадот во село Волино.
Проектот е финансиран преку проектната единица на Министерството за транспорт и врски, по поднесена апликација од општината, со средства обезбедени преку Светска банка.
Дополнително, ЕВН инвестираше за каблирање на електро дистрибутивната мрежа, а Македонски Телеком за каблирање на оптички телефонски кабел.
Општината инвестираше за изведба на индивидуалните електрични приклучоци.
Благодарност до изведувачот,фирмата “Ленди Груп” Скопје, а особено голема благодарност до подизведувачот, фирмата “Маркоски 73” ДООЕЛ Струга за висококвалитетното и предвремено привршување на работите.
Благодарност и до човекот, кој е проектен творец на оваа приказна, човекот кој за жал не е повеќе со нас, но неговото дело останува засекогаш, Иван Лошкоски,дипл.инж.арх./ нека му е слава/
Во 2024 година најавуваме нови капитални инвестиции, како
ОРОВНИК
Реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор,
Уредување на просторот кај чешмата,
Доуредување и дополнување со детски реквизити на постојното детско игралиште
Поставување на централно греење во училиштето
ГОРЕНЦИ
Асфалтирање на улици
Уредување на детско катче во центарот
Изградба на каптажа кај црква Св,Никола
ТРЕБЕНИШТА
Асфалтирање на пристапен пат- улица до црква Св.Недела
Изградба на канализациона мрежа / прва фаза
Поставување на фотонапонска централа кај пумпна станица
ВОЛИНО
Доуредување на детско игралиште и паркот во центарот на селото,
Санација на трибина на спортско игралиште
МЕШЕИШТА
Набавка на нова пумпа за водоснабдување и санација на стариот резервоар
Поставување на фотонапонска централа кај пумпна станица
Асфалтирање на улици
Доизградба на канализационата мрежа
БОТУН
Реконструкција и адаптација на објект на месна заедница-поранешната селска продавница
БЕЛЧИШТА
Реконструкција на административна зграда на општината / 2 фаза,
Уредување-бетонирање на речното корито во центарот на селото
Уредување на детско игралиште во училишниот двор
ЛЕШАНИ
Асфалтирање на улици
Изградба на фекална канализација/ 2 фаза
ВЕЛМЕЈ
Асфалтирање на улица и одбојкарското игралиште
Осветлување на Крстот во црквата Св.Спас
ЗЛЕСТИ
Уредување на центарот и изградба на спортско игралиште,
Уредување на канал за наводнување
ГОДИВЈЕ
Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом
Уредување-бекатонирање на просторот кај црква Св.Вартоломеј
ЛАКТИЊЕ
Асфалтирање на центарот и улица
ПЕСОЧАНИ
Асфалтирање на улица
Уредување на надворешна фасада на поранешната училишна зграда
ИЗДЕГЛАВЈЕ
Тампонирање со гребен асфалт на пат до црква Св.Димитрија
ОЗДОЛЕНИ
Асфалтирање на улица
СОШАНИ
Тампонирање на пат до црква Св.Никола
СЛАТИНО
Асфалтирање на улички
ДОЛНО СРЕДОРЕЧЕ
Рехабилитација на дел од патот до селото
КЛИМЕШТАНИ
Санација на објект на месна заедница
НОВО СЕЛО
Асфалтирање на улички
СЛИВОВО
Тампонирање на пат до црква Св.Атанасиј
Mar 5, 2024
По снежните врнежи кои изминатата ноќ ја зафатија територијата на општина Дебрца, Ве известуваме дека сите патни правци кон селата во Горна Дебрца вклучително и земјените-макадамски патишта се прочистени и проодни, а од страна на екипите на општината задолжени за зимско одржување се врши утврдување каде е потребно да се дејствува.
Feb 28, 2024
Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11), Градоначалникот на Општина Дебрца
О Р Г А Н И З И Р А
Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца
- Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2, КО Белчишта, Општина Дебрца.
- Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина може да се разгледа во просториите на општина Дебрца секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 20.02.2024 до 20.03.2024 година.
- Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 15.03.2024 годинаво административните простории на општина Дебрца, со почеток во 10.30 часот.
- Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Дебрца во рок од 30 дена на јавен увид.
- Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина или истите можете да ги испраќате на е-маил: contact@debrca.gov.mk или по пошта на следната адреса: Општина Дебрца, 6344 Белчишта.
Соопштение
Стратегиска оцена на животната средина
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Feb 26, 2024
Јпкд Дебрца ги известува граѓаните на Дебрца дека Јпкд Дебрца ги премести канцелариите во Мешеишта (од времен карактер), од 26.02.2024 година барањата, пријавувањето на дефеци може да се поднесуваат во Мешеишта или на контакт тел:075/358-425 или на mail: komunalecdebrca@hotmail.com.
Feb 16, 2024
Ставивме крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици.
Како што е познато во изминатиот период граѓаните и фирмите кои се водоснабдуваат преку пумпни станици на повеќе пати бевме изложени на притисок од снабдувачот со електрична енергија, ЕВН Хоме,кој користејќи ја монополската положба,која сеуште ја има на пазарот на електрична енергија и постапувајќи спротивно на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија ги исклучуваше пумпните станици од електричната мрежа,оставајќи ги граѓаните,училиштата,фирмите, ПЗУ за дијализа “Невроплус” Охрид и меѓународниот аеродром “Св.апостол Павле” без вода, со што ги загрозуваше здравјето и животот на граѓаните и особено бубрежно болните пациенти.
И покрај од општината искажаната добра волја и преземањето на долгот од 19 милиони денари,некоректниот однос од страна на ЕВН Хоме продолжи и крајно и покрај изречената времена мерка,донесена од Основниот суд Охрид, со која се забранува исклучување на пумпните станици,за 21 Февруари најави ново исклучување.
Исклучување,кое никогаш повеќе нема да се случи.
Имено,на мој предлог,советот на општината на последната седница донесе одлука за преземање од страна на општината на сите пумпни станици и обврската за плаќање на тековните сметки за електрична енергија.
Постапката за промена на корисник е завршена и почнувајќи од 1 Февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши од општината избраниот снабдувач, ЕДС АД Скопје, а сметките ќе ги плаќа општината.
Со промената на снабдувачот во старт ги намалуваме сметките за најмалку 30 %.
Имено , ЕВН Хоме киловатот со сите давачки го наплатува 15- 16 денари, а моменталната цена која ја наплатува ЕДС изнесува 9 -10 денари за киловат.
Во наредниот период ќе преземеме активности за дополнителна заштеда /промена на пумпите во пумпна станица с.Мешеишта и поставување на фотонапонски централи за пумпните станици во село Мешеишта и село Требеништа,како и зајакнување на капацитетите на јавното претпријатие,особено во делот на комуналната дејност водоснабдување.
И најбитното,граѓаните и сите други корисници повеќе нема да бидат доведени во непријатна ситуација да останат без вода за пиење,поради неплатени сметки за електрична енергија.
Покрај редовното сервисирање на тековните трошоци општината и во наредниот период ќе продолжи со капитални инвестиции.