Apr 27, 2026
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 11-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 11–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 30.04.2026 година (четврток) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 9-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 10-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршни сметки за 2025 година за Центарот за развој на Југозападен плански регион и шест сметки за реализираните проекти во 2025 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за престанок на важење на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на претседателот на комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи во општина Дебрца
- Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот на членовите на комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи во општина Дебрца, кои не се од редот на административните службеници во општинската администрација
- Предлог – Статутарна Одлука за изменување на Статутот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на планинска куќа с.Брежани
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Apr 27, 2026
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 01.05.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 01.05.2026г Петок (државен празник 1ви Мај – Ден на трудот), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 30.04.2026г.
Apr 23, 2026
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи.
Затворањето ќе важи во периодот од 24.04.2026 година во деновите кои следат се до завршување на работите, во временски интервал од 8:00 часот до 17:00 часот
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за Разбирањето
Општина Дебрца
Apr 20, 2026
Сабота – за некој ден за одмор, за нас ден за работа, без застој.

Денеска бев во с. Врбјани, заедно со мештаните, на терен да ги видиме одблиску децениските проблеми што со години стојат нерешени. Не од канцеларија, туку меѓу луѓето – таму се наоѓаат вистинските решенија.

Разговаравме отворено, човечки, без формалности. Сите сакаме исто – конечно да се реши тоа што предолго се одложувало.

Ќе се работи, чекор по чекор, со конкретни мерки и јасен план. Нема магија, ама има волја и работа.

Фала на мештаните за искреноста и довербата.
Apr 20, 2026
Во мојот кабинет беа претставници од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

Лично од претседателот г-дин Гоце Георгиевски ми беше врачена книшка за почесен член, како знак на благодарност за мојот ангажман.

Овој ангажман, посветено и неуморно, е насочен кон негување и возобновување на спомениците и спомен-обележјата на територијата на Општина Дебрца.

Исто така, од претставници од Завод и Музеј – Охрид ми беше врачено признание и книга, како израз на почит кон одржувањето и зачувувањето на нашето културно и историско наследство.

Овие признанија претставуваат мотив повеќе да продолжиме со грижата за нашето минато, со цел да го зачуваме за идните генерации.
Apr 11, 2026
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денес извршивме уредување на неколку патишта во општина Дебрца.

Со ангажман на механизација и екипите на терен, се интервенираше на делови каде беше потребно подобрување на проодноста и пристапот.

Посебно внимание беше посветено на дворните места околу верските објекти, со цел тие да бидат уредени и пристапни за сите граѓани.

Целта на овие активности е да се овозможи побезбедно движење и полесен пристап во деновите на празнување.

Како локална самоуправа, продолжуваме со посветена работа на подобрување на условите во секое населено место.

Велигден е празник на мирот, надежта и заедништвото, и токму во тој дух ги реализираме овие активности.

На сите граѓани на општина Дебрца им посакуваме среќен и благословен Велигден, во здравје, мир и радост.