Select Page
Официјално означен стартот за изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Официјално означен стартот за изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Официјално започнавме со реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект, со што исполнуваме уште едно дадено ветување -изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Проект кој дваесет години наназад беше само неисполнето ветување‼️

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.

Со реализацијата на проектот се обезбедува квалитетно водоснабдување на село Издеглавје, а со завршената изградба на доводниот цевковод минатата година до село Слатински Чифлик, за кој се инвестираа 3.491.010 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2019 година, вода за пиење ќе добие и ова село.

Во општина Дебрца реализирани низа инфраструктурни проекти

Во општина Дебрца реализирани низа инфраструктурни проекти

Нашата заложба е да се обезбеди подобар пристап до земјоделските површини.

За таа цел, во изминатиов период,

го тампониравме полскиот пат село Издеглавје-село Слатински Чифлик, во должина од 1400 метри,

во село Волино- извршивме машинско пробивање, чистење и порамнување на полски патишта :

-местност “Аџица”, делница: од пат за село Ливада до пат за село Мороишта, во должина од 830 метри ( чистење во двата правци );
-местност “Бучаљка”, по источна страна од каналот, делница: од мост на пат за село Мешеишта до мост на пат за село Требеништа, должина 1000 метри ( чистење во двата правци ) ;
-местност “Барски Пат”, делница: полски пат за “барски пат” и “в ливаѓе”, должина 800 метри ( чистење во двата правци ).

во село Требеништа – машинско пробивање, чистење и порамнување на полски патишта :

– по западна страна од каналот, делница: од “волински мост” до “требенишки мост”, должина 1600 метри ( чистење во двата правци ) ;
– по западна страна од каналот, делница: од “требенишки мост” до “горенички мост”, должина 1600 метри ( чистење во двата правци ) ;
– по источна страна од каналот, делница: од “требенишки мост” до “горенички мост”, должина 1600 метри ( чистење во двата правци ) ;

Продолжуваме по План-от

Поставени нови канти за отпад во селата низ Средна Дебрца

Поставени нови канти за отпад во селата низ Средна Дебрца

По селата во средна Дебрца, деновиве кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот ‘Унапредување на општинското владеење’, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ).

Истите врз основа на утврден план од Јавното претпријатие се поставени на јавни површини, со што и во овие села започнуваме со организирано собирање на комуналниот отпад.

И во наредниот период продолжуваме со чистење на дивите депонии, а од граѓаните ја очекуваме нивната поддршка и придонес за зачувување на здрава и чиста животна средина

Се врши изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец,

Се врши изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец,

По повеќекратните барања од советот и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност која некој “заборавил” да ја изведе при рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и оштетување на возилата.

Деновиве ЈП “Македонија Пат” со припомош на општинска механизација започна со изведба на банкините на делницата Ботун-Белчишта, во должина од 2,5 км и делницата Белчишта – Лешани, во должина од 2,0 км.

Останува нашата заложба и барања до ЈП за државни патишта за рехабилитација на коловозот по целата должина на регионалниот пат

Означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“,

Означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“,

Денес на граничниот премин кај Свети Наум се одржа свечен настан, на кој и официјално беше означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија. Проектот ќе се имплементира во наредните три години, а партнери се: ОО Црвен Крст Охрид, Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид и општина Дебрца, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.

Градоначалникот Ногачески поздравувајќи ги присутните изрази благодарност што и општина Дебрца е партнер во овој проект,при што посебно потенцираше  дека :

Општина Дебрца, со своето природно и културно наследство, кое е и светско природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, Дебрца со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на зимскиот и планинскиот туризам.

И токму затоа, овој Проект е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација.

Проектот за Дебрца овозможува нова понуда во алтернативниот туризам, зголемена безбедност на посетителите, пристапни патеки од сите населени места, во близина на сртот на Илинска Планина и опрема за спасување во зимски услови.

Со овој проект, во општина Дебрца предвидена е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.

Ова е втор проект кој општина Дебрца го спроведува во рамките на прекуграничната соработка, во насока на подобрување на алтернативниот туризам во општината. Другиот проект е во рамките на прекуграничната соработка со Грција и истиот го тангира оригинерниот природен ресурс, “Белчишкото Блато.”

И затоа, во оваа прилика изразувам голема благодарност и до Делегацијата на ЕУ во Скопје, за нивната поддршка на овие за нас значајни проекти, како и благодарност до Министерството за локална самоуправа, кое со 15 % контрибуција ги помага проектите.

Овие проекти се значајни и за стекнување на потребните знаења и искуства и на општинската администрација, како во фазата на аплицирањето, исто така и во фазата на имплементацијата на проектите.

Овде би сакал да изразам посебна благодарност и до Г-динот Бертолини, кој организираше неколку сесии за обука на администрацијата, како да се подготви и аплицира еден добар проект.

Се надевам и не се сомневам дека во текот на имплементацијата на Проектот ќе имаме добра соработка со сите партнери, и од македонската и од албанската страна.

Впрочем, со нашиот партнер, ОО Црвен Крст Охрид и Планинската Спасителна Служба имаме потпишано и меморандум за соработка.

А, со нашиот партнер од Албанија, општината Грамш се надевам дека ова ќе биде почеток на една заедничка долготрајна и успешна соработка. – кажа во своето обраќање градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески

Утре во “Св. Наум”ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“,

Утре (12/02/20 г) на граничниот премин „Свети Наум“ официјално ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку програмата за прекугранична соработка со Р. Албанија.

На настанот предвидено е свое обраќање ќе имаат Г-дин Сашо Точков, Претседателот на Црвен крст Охрид, Г-дин Горан Милевски, Министер за Локална самоуправа на Р. C. Македонија, Г-дин Никола Бертолини, Раководител на одделот за соработка во ЕУД во Р. C. Македонија, Г-дин Гент Чакај, в.д. Министер за Европа и надворешни прашања на Р.Албанија, Г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца, Р. С. Македонија, Г-дин Клодиан Таче, градоначалник на општина Грамш, Р. Албанија и Г-дин Гоко Танасоски директорот на Царинската управа на Р.С. Македонија.

Во рамките на настанот ќе биде потпишан на меморандум за соработка помеѓу Планинската Спасителна Служба и НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТИВЕН ЦЕНТАР за Гранично Управување.

Со овој проект, во општина Дебрца како еден од директните партнери во проектот, предвидено е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкцја пропустите и патот од Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови. Исто така предвидени се и обуки за прва помош во зимски услови,

Ова е втор проект кој општина Дебрца го спроведува во рамките на пограничната соработка во насока на подобрување на алтернативниот туризам во општината.