Select Page
Се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП)

Се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП)

Денес се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Дебрца. На работилницата е утврдено дека општина Дебрца е специфична општина, со 30 населени рурални места, со огромен потенцијал за развој на (еко) туризам.

На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Дебрца, учествуваа претставници од локалните училишта, жители од повеќе населени места во општината, земјоделци, пчелари, преработувачи. Заедно, се обидуваа да дадат насоки за успешен, одржлив развој на општината.

Во наредниод период од странa на преставниците SEG Holding ќе се изработи SWOT анализа каде ќе бидат вметнати сите предложени мислења на присутните.

Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

 

Општина Дебрца го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад

Општина Дебрца го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад

Општина Дебрца го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад, документ со кој ќе овозможиме континуирано стратешко планирање за управување со отпадот на локално ниво, како и заштита на животната средина и на природните убавини и реткости во Општината.

Целта на Локалниот акциски план за управување со отпад е да обезбеди податоци за тоа од каде потекнуваат проблемите во различни тематски области во управувањето со отпадот како и да даде одговор како подобро да управуваме со нив и како подобро да обезбедиме континуиран развој во Општината во управувањето со отпадот.

Со користење на современи методи и техники и алатки, вклучувајќи ја јавноста и останатите чинители како најважен сегмент во стратешкиот развој, Општината ги лоцираше проблемите во управувањето со отпадот и изврши распоред на приоритетни проблеми како и мерки и активности за нивно решавање. Локалниот акциски план е главен показател при решавање на проблемите со отпадот во Општината, но и алатка за изнаоѓање финансиски средства за имплементација на предвидените проекти.

Во наредниот период ќе се ангажираат сите ресурси за реализација на активностите во Локалниот акциски план за управување со отпад, со цел нивното спроведување да претставува најдобра промоција на нашата општина како место кое нуди услови за подобро живеење и здрава животна средина со нула отпад на својата територија.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

Планот е достапен на следниот линк:

Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025 https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/%D0%9B%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%BF%D0%B0%D0%B4-2024-2025.pdf

Започнува изработката на  првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година

Започнува изработката на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година

Почеток на развој на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година, беше означен  во Општина Дебрца  каде претставниците на SEG Holding пред градоначалникот на општината ја презентираа методологијата на изработка на мета-планот за развој на целата општина.

Положбата на Општина Дебрца дава голема можност за туристичко-рекреативни активности, притоа, водејќи сметка за зачувување на природата. ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината.

Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвоМесто #CHinMK #SDGs

 

Изработката на интегрираниот локален развоен план за општина Дебрца е  прв стратешки документ кој се базира на инклузивен – партиципативен пристап на локалната лидерска група и трите носечки столба на локалниот економски развој- : приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Четири годишната визија за развој на општина Дебрца се формира преку метод на анализа за конкретните проблеми, потреби и можности  кај релевантните  општествени  чинители  во општината.  Така, преку прибирање на информации со методологија се формира база на потенцијални проекти од кои се формираат мерки и приоритети кои се групираат во стратешки цели чија реализација ќе претставува остварување на визијата за изгледот на општина Дебрца по истекот на 4 години.

 

Примарната цел на овој стратешки документ е разложување на визијата за просперитетна и економски силна општина на ниво на проекти, со што би се имал сеопфатен документ за презентација и промоција пред инвеститорите. Исто така, овој документ  ќе послужи  како база на проекти  со кои би се аплицирало  за грантови  и донации пред домашни и странски институции и фондации. Оваа намена на интегрираниот локален развоен план е посебно важна за руралните и релативно финансиски слаби општини како општина Дебрца, кои повеќе од 90% од своите проекти ги реализираат преку грантови од надворешни донатори.

Анкетен Прашалник за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца

Анкетен Прашалник за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца

Започнаа активностите за изработка  на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца. За таа цел е изработен Анкетен Прашалник – за туристи и посетители и за локалните жители на Општината

Прашалникот е анонимен. Сите информации обезбедени од Вас ќе бидат доверливи и ќе се користат само за општа статистичка анализа. Секој ваш одговор ќе биде многу важен и корисен за истражување.

Ова истражување служи како основа за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца.

Линк за влез до прашалникот:

1.За туристи и посетителиhttps://docs.google.com/forms/d/1IyoqkIHFhiyteMSrYC1HQZAwZAyo-qno-at40B19kaU/edit?ts=65bcf7da

 

  1. За локални жители на Дебрцаhttps://docs.google.com/forms/d/1Izc-ZHJ0Q3HOkdWwkcvljZzfN2OhUlsPFVuKFwwgpwM/edit?ts=65bcf2ea
Потпишан  Меморандум за Соработка помеѓу ,,Екотуризам-2016” и Општина Дебрца  за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца

Потпишан Меморандум за Соработка помеѓу ,,Екотуризам-2016” и Општина Дебрца за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца

Денес во Општина Дебрца беше  потпишан  Меморандум за Соработка помеѓу Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам-2016” и Градоначалникот на Општина Дебрца  за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца.

Носител на активностите  е Здружението за  екологија и туризам ,,Екотуризам-2016” во соработка со Општина Дебрца каде во наредниод  период  е предвидено изработка на анкети и консултации и организирање на настани со жителите на општината за навремена и квалитетна изработка на студијата .

Со изработката на Студија за стратешки развој на Eкотуризмот  ќе бидат опфатени можностите за развој на екотуризмот-како гранка за економски развој во општината како и сите постоечки и можни нови какапцитети кои ќе придонесат за развој на овој вид на туризам кој општината го поседува, како и ќе бидат опфатени и нови проекти кои општината во наредниод период ќе треба да ги спроведува за забрзан развој на Eкотуризмот како форма за целокупен развој на општината.

Повик за поднесување на понуди (ППП) Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП) Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Градежни работи
 

Држава: Република Северна Македонија

Назив на проект:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор

Назив на договор: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

Заем бр.: 9038-МК

Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007-23

 

  1. Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
  2. Општина Дебрца ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

 

  1. Поднесувањето на понудите ќе се спроведе преку процедури за интернационално конкурентско надавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е специфицирано во Упатството на Светска Банка: “Регулативи за набавка за замопримачи за ФИП” од ноември 2020 (Регулативи за набавка) и е отворен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Регулативите за набавка.
  2. Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Светлана КостоскаДонески и да извршат увид во тендерската документација на адреса: с.Белчишта Општина Дебрца, во период од 08:00 до 14:00 часот, но не подоцна од 15:00 часот.
  3. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќање на неповратна такса од 3000 денари. Плаќањето ќе се изврши преку Народната Банка на Република Северна Македонија:

Банка: Народна Банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 719014062263013

Приходно конто: 725 939

По доставување на потврда за извршена уплата за тендерската документација на маил svetle87@yahoo.com целокупната документација ќе ви биде испратена по електронски пат од страна на Општината.

  1. Задоцентите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувачите и лица кои сакаат да присуствуваат на адресата: с.Белчишта на 20.12.2023.
  2. Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 950.000 денари.
  3. Адресата на која се упатува погоре е:

Адреса: Општина Дебрца

с.Белчишта

Поштенски број: 6344, Република Северна Македонија

Предмет: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.