Dec 28, 2020
На денешната седница Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината за 2021 година и Буџетот на општината за 2021 година
Во Годишните програми и Буџетот во целост се земени во предвид предлозите на граѓаните, месните заедници, бизнис заедницата и невладините организации, кои беа дадени во транспарентната постапка за нивно изготвување и донесување.
Буџетот за наредната година е проектиран на 121.000.000 денари , кои се очекува да се остварат од сопствените приходи, приходите од ДДВ-то, наменските и блок дотациите од централната власт и приходи од европските проекти.
Во делот на расходите акцентот го ставаме на реализацијата на капиталните проекти, социјалните програми, унапредување на комуналните услуги и целосно кратење на непродуктивните трошења.
Dec 25, 2020
Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божик го празнувате според Грегоријанскиот календар,
Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :
Мир Божји – Христос се роди !
Dec 24, 2020
Почитувани градоначалник, советници, општинска, администрација, вработени во општина Дебарца, и ЈКП Дебрца, жители на општината и секој добронамерен поединец или фирма.
На ден 28.12.2020 година (понеделник) во просториите на зградата на општина Дебрца, село Белчишта, се организира хуманитарна акција за дарување на храна, средства за хигиена, облека за нашите сожители кои што не се во можност тоа да си го дозволат.
Ве замолувам сите кои ќе дарувате сето тоа да е уредно спаковано. Храната да не е брзо расиплива, а облеката да е чиста, неоштетена,употреблива.
Исто така апелирам да се запазат мерките за заштита од пандемијата на covid вирусот.
Да споделиме радост.
Да направиме некој среќен .
Помагајте им на луѓето и тогаш кога знаете дека неможат да ви возвратат. По тоа ќе Ве препознаат дека сте човечни,сочуствителни,милостиви.
Среќна, бериќетна, и благословена да ни биде 2021 година.
Со почит
М-р Катерина Пискулоска,
член на совет при општина Дебрца
Dec 21, 2020
Назив на проект: Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP
Партнери во проектот: Општина Дебрца, Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област – ЈАСЕН, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – ХАНС ЕМ, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Проектот е кофинансиран од Европска Унија и Националните фондиви на земјите кои учествуваат во програмата Interreg IPA CBC Programme “Greece – Republic of North Macedonia 2014- 2020”
Со гордост изјавуваме дека проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет. Во овој контекст, проектот објавува дека Општината Дебрца е во финална фаза на реконструкција на изложбен центар за презентирање на локалната флора околу Белчишкото Блато (слика 1), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област – ЈАСЕН имплементираше систем за рана детекција на пожар со цел рана превенција на пожари и заштита на биодиверзитетот (слика 2), додека пак експертите од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – ХАНС ЕМ, собраа повеќе од 114 растителни видови и ги подготвија за понатамошна пропагација (слика 3). Сите овие активности се дел од развивањето на мерки за конзервација и конзервациски инфраструктури со цел заштита на биодиверзитетот во меѓу-граничната област.
Dec 15, 2020
Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2021 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2021 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2021 година.
Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.
Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:

Предлог Буџет 2021