Select Page
Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“

Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.03.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.

На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.

Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.

Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”

Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.

Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.

• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ

Во прилог целосната агенда на настанот: