Select Page
Предмет: Информација до здружението на пчелари

Предмет: Информација до здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка  Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 19.07.2023 год. (среда) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во општина Дебрца 046/286-855.

 

 

                                                                                                                     Општина Дебрца

Започна   реализацијата  на Годишната програма за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година

Започна реализацијата на Годишната програма за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година

Во рамките на програмата ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози.

Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта,кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка ќе се реконструира улица во село Волино,на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад.

Во првата фаза се работи во селата Требеништа, Ботун и Белчишта.