Спроведена превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка Општина Дебрца во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Воедно се изврши и дератизација на канализационите системи во општината како и јавните објекти во општината.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца