Nov 6, 2023
Во село Волино во тек е последната фаза од доизградба на канализациониот систем /изградба на пумпната станица број 3 /,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 2.831.604 денари од кои од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, обезбедени се 2.000.000 денари, а 831.604 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Во село Лешани привршува првата фаза од изградбата на уличната канализациона мрежа. Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ, кои Владата ги пренамени за инфраструктурни проекти во општините.
Со одлука на Владата за распределба на средства за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија на општина Дебрца се одобрени вкупно 537.644 евра неповратни / грант средства за изградба канализациона мрежа во село Требеништа,а која ќе започне во првите месеци на 2024 година.
Согласно одлуките на советот на општината до Министерството за животна средина аплицирани се и проектите- за изградба на канализациона мрежа во село Велмеј,со пречистителна станица во село Грко Поле и за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта.
Nov 6, 2023
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 26-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 26–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 13.11.2023 година (понеделник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Констатирање оставка на Претседателот на Советот на општина Дебрца
- Избор на претседател на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на ЕЛС Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година
- Предлог – Годишна Програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2024
- Предлог – Годишна Програма за развој на културата во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на обраованието во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2024 година
- Предлог – Годишна Програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2023/2024 година
- Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2024 година
- Предлог – Програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2024 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски