Oct 4, 2024
Проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија е во завршна фаза на своите активности.
Со проектот општина Дебрца доби обележани велосипедски патеки кои претставуваат вистинска адреналинска можност за љубителите на планинскиот велосипедизам.
Општината ги подобрува условите, туристичкта инфраструктура како и потенцијалите за развој на алтернативните форми на туризам пред се Еко Tуризмот како водечка гранка за развој на општината која е исполнета со голем број историски моменти, цркви манастири, природни реткости кои мора да се посетат.
Oct 3, 2024
Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта се одбележаа 81 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.
Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.
Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
Oct 3, 2024
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.
Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.
Oct 2, 2024
Со реконструкцијата се изврши промена на кровот,промена на старата дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешните простории и подови.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 2.022.225 денари, кои се обезбедија од Буџетот на општината за 2024 година.