Select Page
Одржана првата конститутивна седница на Советот на Општина Дебрца

Одржана првата конститутивна седница на Советот на Општина Дебрца

Во просториите на Општина Дебрца денес се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Дебрца. На седницата беа верификувани мандатите на советниците, со што официјално започна мандатниот период на новиот советнички состав.

За претседадел на новиот советнички состав е избран Иван Стрезоски.

Свое присуство на седницата имаа и учениците од хорoт при ООУ „Дебрца“, кои со изведба на неколку композиции ја збогатија свечената атмосфера и дадоа посебен придонес кон значењето на овој важен општински настан.

Одржувањето на конститутивната седница претставува важен чекор во функционирањето на локалната самоуправа и отвора ново поглавје во работата на Советот, кој ќе продолжи да делува во интерес на жителите на Општина Дебрца.

Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”.

Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски.

Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа и преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на оваа машина претставува значаен чекор во подобрување на комуналната инфраструктура и ефикасното одржување на канализационата мрежа. Новата механизација ќе овозможи побрзо и поквалитетно решавање на затнувањата и редовно одржување на системите за одводнување, со што директно ќе се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.

Општина  ќе продолжи да вложува во модернизација на комуналниот сектор, со цел создавање подобри услови за живот и повисок степен на јавна услуга.

Чистење на крајпатна вегетација

Чистење на крајпатна вегетација

Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници.

Акцијата опфаќа:

  • кастрење и косење на обрасната вегетација,
  • отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста,
  • уредување на приодите покрај патиштата.

Целта е да се зголеми безбедноста на сообраќајот и да се подобри уреденоста на јавните површини.

Ги замолуваме жителите за разбирање и внимателно движење покрај местата каде што ќе се изведуваат активности.