Select Page
Започнаа активности за санирање на уличното осветлување

Започнаа активности за санирање на уличното осветлување

Во повеќе населени места започнавме со решавање на задоцнетиот проблем со уличното осветлување. Работите се одвиваат според план, а зависно од временските услови, продолжуваме со активности на терен.

Нашата цел е до крајот на оваа недела целосно да ги надминеме сите забележани проблеми со осветлувањето и да обезбедиме безбедни и осветлени улици за сите жители на Општина Дебрца.

Остварена работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија)

Остварена работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија)

Во текот на вчерашниот ден во Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични ситуации.

Заедно со командирот Борко Јанкулоски, главниот двигател и покровител на овој важен проект, разговаравме за продлабочување на меѓусебната соработка, како и за развој на нови иницијативи во областа на заштитата и спасувањето, волонтерството и модернизацијата на опремата.

Од страна на Општина Дебрца упативме искрена благодарност и надеж за натамошна поддршка и партнерство, кои директно придонесуваат за поголема безбедност и подобар квалитет на услугите за нашите граѓани. Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со јасна заедничка заложба за понатамошно унапредување на соработката.

Дополнително, со задоволство информирам дека е договорено Општина Дебрца да добие уште две противпожарни возила. Со тоа, нашата општина ќе располага со вкупно три противпожарни возила – сериозен чекор напред во изградбата на побезбедна и поопремена општина.