Apr 18, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во Првата, Втората и Третата форумска сесија.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 19.04.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на четврата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од вкупниот проектен фонд на УНДП.
Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.
Дневен ред четврта форумска сесија
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Apr 15, 2023
Почитувани граѓани, православни христијани,
Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје и хармонија во Вашите семејства.
Христос Воскресе !
Apr 11, 2023

Денес со директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид,Катерина Велкоска се потпиша меморандум за соработка во заштитата на културното наследство.
Во рамките на соработката се предвидува реализација на проектот ” Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање” ,како и реализација и на други проекти од областа на заштитата на културното наследство.
Mar 29, 2023
Денес во просториите на ,,ОУ Дебрца” село Белчишта се одржа третата работилница од форумските сесии од проектот,, Зајакнување на општинските совети”На сесијата се презентираа предлог проектите од страна на работните групи на форумот како и преставници на одделението за урбанизам ги образложија предлог проектите.
Во четврата фаза преминуваат три предлог проекти :
- Енергетска ефикасност во централно училиште ОУ Дебрца село Белчишта (реконструкција на кров)
- Изградба на детско игралиште во село Требеништа со хотикултурно уредување
- Поставување на систем за греење во објектот во основно училиште во село Оровник и пристапна патека за лица со посебни потреби.
На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кои проекти ќе бидат финансирани од вкупниот проектен фонд на УНДП Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.
Mar 28, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во втората форумска сесија.
Третата форумска сесија ќе се одржи на 29.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на третата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на третата сесија ќе се дискутираат Предлог проектите во кои се содржани решенијата за проблеми кои се идентификувани од првата и втората форумска сесија.
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Дневен ред трета форумска сесија