Select Page
Покана за втора форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Покана за втора форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на  Проектни форуми во заедницата.

Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.

Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.

Прилог: Дневен ред

                         Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува : 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година

 

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија .

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1.да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;

2.да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 ,  а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
3. да не повторувале година во текот на студирањето;

  1. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
  2. да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2022/2023 година за сите студиски програми.

-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2022/2023 година;

  1. Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
  2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
  3. Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  4. Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Фотокопија од индексот.

  1. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 07.03.2023 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на студиската година.

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  20.03.2023 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Конкурс-студенски стипендии (комплетна документација)

 

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Санирана училишната зграда во село Оровник

Санирана училишната зграда во село Оровник

Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца.
Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.
Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго.
Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.
Пред и потоа:

Општина Дебрца со поддршка од 5000 денари за секое прваче во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“

Општина Дебрца со поддршка од 5000 денари за секое прваче во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“

Вчера на сметките на 20 родители на деца запишани во прво оддделение во ООУ “Дебрца” се исплатени по 5000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, во вкупен износ од 100.000 денари.

Многу успех првачиња!

IPA CBC MK-AL: Свечено отворање на Планинската куќа во с.Брежани

IPA CBC MK-AL: Свечено отворање на Планинската куќа во с.Брежани

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во село Брежани, општина Дебрца, на 30.09.2022 год., со почеток од 11:30 ч.

Покана и агенда во прилог.

Покана и агенда за настанот

Општина Дебрца со поддршка од 5000 денари за секое прваче во рамки на проектот „Добре дојдовте првачиња“

Топло добредојде за новите првачиња во Дебрца

Пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година во основното образование, градоначалникот Ногачески приреди свечен прием за првачињата, кои од утре, 1-ви Септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ Дебрца.

 

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.

Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.

Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.

Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.

Оваа година за првпат општината за секое прваче ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари. – изјави градоначалникот Ногачески.