Select Page
Топло добредојде за новите првачиња во Дебрца

Топло добредојде за новите првачиња во Дебрца

Пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година во основното образование, градоначалникот Ногачески приреди свечен прием за првачињата, кои од утре, 1-ви Септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ Дебрца.

 

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.

Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.

Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.

Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.

Оваа година за првпат општината за секое прваче ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари. – изјави градоначалникот Ногачески.

Продолжува континуираната поддршка за спортистите и спортските манифестации

Продолжува континуираната поддршка за спортистите и спортските манифестации

Во моментов најзначајниот спортски настан во општина Дебрца е турнирот во мал фудбал “Петровден 2022”, во село Мешеишта, кој како покровител и оваа година општината го помогна со 60.000 денари.
Општина Дебрца ги помогна и другите одржани спортски манифестации во општината,како :
-меморијалниот турнир во фудбал “Кире Николоски-Камачо” во село Лешани,со 30.000 денари ,
-Меморијалниот натпревар “Мирко Јончески-Мичула”,во село Велмеј, со 15.000 денари.
Согласно Годишната програма за спорт ќе бидат поддржани и други спортски манифестации во текот на 2022 година.
Општината обезбеди финансиска поддршка од 20.000 денари за Анастасија Мојсоска,од Оровник,членка на Стрелачки клуб “Стрелец” Скопје,која со репрезентацијата на Македонија во спортско стрелаштво со воздушна пушка учествува на Медитеранските игри во Алжир.
И во иднина максимално ќе ги помагаме спортските клубови, спортските манифестации и талентираните спортисти од општината.
Доделени сведителствата на полуматурантите во ООУ Дебрца- Викторија Печоска прогласена за првенец на генерација

Доделени сведителствата на полуматурантите во ООУ Дебрца- Викторија Печоска прогласена за првенец на генерација

Денес во ООУ “Дебрца” градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование .
Градоначалникот на сите полуматуранти им го честиташе завршувањето на основното образование и им посакав многу успех во понатамошното образование.
На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Викториа Печоска, во име на општина Дебрца, и додели плакета за првенец на генерација , а на учениците Филип Донески, Ана Марија Маркоска, Христијан Ристоски, Славица Калоаноска и Марија Жилеска плакети за ученици на генерација .
На првенецот на генерација и учениците на генерација општината доделува и парична награда во износ од 5.000 денари.
Важно е да ги наградиме најдобрите и да ги мотивираме нашите ученици да продолжат така.
Општината и понатаму ќе биде поддршка за сите наши основци, средношколци и студенти на различни начини.
Наша обврска е да инвестираме во образованието, затоа што само на тој начин инвестираме во иднината на нашата општина и држава.

Јавен повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

Јавен повик За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2022 година, број 01-1136/1, од 09.06.2022 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/21 ) се објавува следниот :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2022 година

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2022 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2022 година, од 01.01.2022 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2022 година.

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2022 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2022 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2022 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2022 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2022 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

Б А Р А Њ Е за субвенција велосипеди може да го спуштите со кликање тука.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2022 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Билјана Суклоска-Милошеска – член

3.Доста Дојчиноска – член

Известување од комисијата за спроведување на конкурсот за доделување на ученички и студентски стипендии

Известување од комисијата за спроведување на конкурсот за доделување на ученички и студентски стипендии

Комисијата составена од: Димитар Велјаноски како претседател-вработен во општина Дебрца, Билјана Суклоска како член-вработена во општина Дебрца и Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца, формирана со Решение бр. 09-2131/1 од 17.12.2021 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно конкурсот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021-2022 година, утврди дека се поднесени вкупно 44 пријави од кои 26 за средношколски, 18 за студентски стипендии.

По разгледување на документацијата доставена од кандидатите до општина Дебрца, Комисијата изврши проверка на поднесените пријави и утврди неправилности кај некои апликации за студентска стипендија. Имено, по доставено барање за информации, од Министерството за образование и наука добивме потврда дека некои од апликантите се веќе корисници на државна стипендија, што е спротивно на условите предвидени во овој конкурс. Поради горенаведеното, комисијата одлучи во целост да го поништи конкурсот за студентски стипендии и за учебната 2021/22 година да додели само средношколски стипендии.

До крајот на месец Февруари ќе биде објавен нов конкурс за студенски стипендии со корегирани критериуми.

Резултати од конкурсот за доделување на ученички стипендии

Резултати од конкурсот за доделување на ученички стипендии

Комисијата составена од: Димитар Велјаноски како претседател-вработен во општина Дебрца, Билјана Суклоска како член-вработена во општина Дебрца и Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца, формирана со Решение бр. 09-2131/1 од 17.12.2021 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно конкурсот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2021/2022.

Со право на стипендија во групата стипендисти запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021-2022 година се стекнаа следните ученици:

  1. Јана Владо Дуклеска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Емилија Илија Целакоска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Николина Димитрија Бутеска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Јана Александар Сиљаноска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Ивана Разме Скоклеска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Тамара Дончо Бујароска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Вера Панче Жилеска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Бобан Петар Мијаковски

-комплетна докуемнтација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Александар Љупчо Ѓорески

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Марија Страшо Јосифоска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Оливер Никола Бутески

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Христина Драган Николоска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Кристијан Стојмир Велјановски

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Тео Златко Јолакоски

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Илина Иљо Нечкоска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Кристина Миле Јорданоска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Александар Драган Дуклески

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Филип Науме Вичароски

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Климентина Сашо Бујароска

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

20. Дамјан Милан Цветкоски

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

Комисија за спроведување на конкурсот

За доделување на ученички и студентски

стипендии

Димитар Велјаноски, претседател__________

Билјана Суклоска, член______________

Даниел Паункоски, член ____________________