Dec 13, 2019
Вчера во општина Дебрца се одржа инфо сесија за ЕУ ИПА 2020 проекти, на која консултанти ангажирани од Делегацијата на ЕУ во Македонија ја презентираа новата Програма на ЕУ ИПА 2020 година, за чии грантови со свои проекти ќе можат да аплицираат општините.
Акцентот на програмата е ставен на поддршка на иновативни проекти, со поединечна вредност до 500.000 евра.
На вчерашната сесија претставниците на општината, членовите на советот на општината, општинските установи, месните заедници, бизнис секторот и невладините организации можеа да се запознаат со новата програма и да разменат мислења и првични размисли за идни проекти на општината.
Општина Дебрца моментално имплементира два проекти , во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка (со Грција и Албанија), а се надевам дека во наредниве шест месеци ќе разработиме иновативна идеја, ќе подготвиме добра апликација и добиеме нов грант од ЕУ ИПА фондовите
.
Dec 11, 2019
Утре (12.12.2019) со почеток во 10:00 часот во просториите на општина Дебрца, ќе се одржи инфо сесија за ЕУ ИПА 2020 проекти.
Сесијата ќе ја водат консултанти ангажирани од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија. Целта на состанокот е да се слушнат најразчични идеи и мислење од различни целни групи, за финансирање на нови иновативни проекти кои ќе бидат финансиранин од ЕУ.
Општина Дебрца ги поканува сите НВО, месни заедници, граѓански форуми, здруженија, приватни компании и останати лица кои се заинтересирани со своите идеи да допринесат за развој на идните проекти во општина Дебрца.
Dec 2, 2019
Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба.
Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво.
Со работна сила од Јавното комунално претпријатие и ангажирани работници согласно годишната програма за јавни работи досега се обработени околу 150 метри кубни и огревното дрво е транспортирано за потребите на Основното училиште.
Со донираното огревно дрво се обезбедуваат количини за греење на Основното училиште за најмалку две учебни години, со што се заштедуваат околу 600.000 денари.
Заштедените средства со Буџетот на општина Дебрца за 2020 година ќе се пренаменат за инсталирање на централно греење во зградата на училиштето во село Оровник.
Nov 19, 2019
Денес во градот Gramsh, регион Елбасан, Албанија, а кој брои околу 9000 жители и е центар на општината Gramsh, со околу 36.000 жители градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со Градоначалникот Klodian Tace.
Средбата беше по повод започнувањето со реализација на проектот „Нови можности за безбедни зимски авантури“,кој во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија ќе се финансира со европски пари.

Носител на проектот е Црвениот Крст на Македонија, Општинска организација Охрид, а партнери се општина Дебрца и Алпинистичкиот клуб “Патагонија”,Охрид од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.
Проектните активности носат бенефит за сите партнери, а во Дебрца во рамките на проектот ќе се изврши реконструкција на старата училишна зграда во село Брежани и нејзина адаптација во Планинарски Дом, опремен со 25 легла, за што се планирани 85.000 евра, поставување на пропусти за зафаќање на атмосферските води на патот село Брежани-Илинска Планина, набавка на возило, со потребната опрема за спасување во планина, обуки и други активности.
На средбата со мојот домаќин посебно го искажав моето задоволство што ќе можеме да соработуваме како две општини, кои имаат одлични предуслови за развој на планинскиот, зимскиот и авантуристичкиот туризам. – изјави Ногачески по средбат Изразив надеж дека денешната средба е почеток на успешна соработка меѓу двете општини, не само на имплементацијата на конкретниот проект, туку и на други идни проекти од заеднички интерес.- изјави Ногачески по средбата