Aug 20, 2024
Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти.
Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски К73 дооел Струга.
Aug 19, 2024
Во село Ново Село неколку денови се работи на пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.
Со оваа активност го подобруваме пристапот до изворите и блатото,идното заштитено подрачје.
Работите ги изведува фирмата БИС дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jul 16, 2024
Завршено тампонирањето на патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км.
Вкупната вредност на работите изнесува 560.878 денари, кои се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведе формата БИС дооел Охрид
Jul 15, 2024
Заврши санацијата на спортскиот полигон во село Оровник, Извршена е санација на заштитните огради од сите страни, поставено е ново рефлекторско осветлување, а ќе бидат набавени и две кошаркарски табли, со обрачи.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jul 4, 2024
Во село Сошани започнаа активности за тампонирање на патот од центарот на селото до црквата “Св Никола Талалеј”, во должина од околу 1 км.
Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Jul 4, 2024
Започна со реализација уште еден инфраструктурен проект-реконструкција на административната зграда на општината во село Белчишта /втора фаза.
Целосно ќе биде реконструирана големата сала,приземјето,санитарните чворови и административните простории,електричната и инсталацијата за информатичка технологија,како и надворешната фасада од две страни.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 5 милиони денари,а проектот се имплементира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за регионален рамномерен развој за 2024 година.