Sep 15, 2023
Општина Дебрца ги известува жителите на село Волино дека согласно Договор за заем на Република Македонија и Светска Банка, Проектот за поврзување на локални патишта , Под – проектот Реконструкција на линиски објекти – улица во с. Волино, општина Дебрца дека од 20.09.2023 година до 31.12.2023 година ќе се изведуваат градежни работи на улицата од мостот на патот Требеништа-Волино во правец на селскиот поштад и во правец на локалниот пат за село Мешеишта работите ќе се изведуваат фазно, при што во период од 8:00 до 16:00 часот во одредени интервали може да биде во прекин сообраќајот.
Се замолува жителите на село Волино како и учесниците во сообраќајот во наредниот период да се користат Алтернативните улици како и да ги почитуваат сообраќајните знаци од одобрениот времен режим на сообраќај.
Општина Дебрца
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Sep 12, 2023
Деновиве започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел. Изградбата на овој Парк ќе доприенесе за подобрување на социјалната свера на делување во заедницата, го подобрува соцо-економскиот аспек ја подобрува комуналната свера, го подбрува квалитетот на испорачување на услугите кон ѓраѓаните, ја потикнува спортската активност кај најмладите и начините за водење на здрав живот и нај важната активност е запирање на трендот на иселување село-град односно уредување на руралните центри на ниво европските рурални центри.
Со зафатот за уредување на овој простор се предвидува изградба на пешачки патеки, осветлување, изградба на детско игралиште со поставување на детски реквизити играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се уредил моменатлно запуштениот простор кој воедно и го нарушува изгледот и на околните објекти како и спорската сала во непостредна близина, при што по уредувањето би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.
Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за ,,Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)
Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои 1.953.909,00 мкд средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца .

Sep 7, 2023
Продолжуваме со реализацијата на годишната програма за изградба и реконструкција на улици во општина Дебрца за 2023 година.
Асфалтирани се две улици во село Мешеишта, во должина од 450 метри.
Извршено е крпење на ударните дупки на асфалтните коловози на општинските патишта за село Слатино, село Мраморец, село Црвена Вода, а претходно и на дел од улици во село Волино.
Aug 30, 2023
Согласно реализација на годишната програма за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината, извршeно е прочистување на вегетација,тампонирање и асфалтирање на улица во село Црвена Вода во должина од 200м.
Во наредниод период општината продолжува со реконструкција/ рехабилитација на улица во село Годивје како и зафати за крпење на ударни дупки на територија на општината.

Aug 25, 2023
Во село Врбјани во тек е Санација на кровна конструкција на задружениот дом , со санацијата е предвидено замена на летви појачување на греди како и замена на кровниот покривач односно замена на постоечките ќерамиди. Средствата за санацијата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца
Aug 13, 2023
Владата донесе одлука за распределба на средства за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија, со која средствата од заемот во износ од 50.000.000 евра, обезбедени од Европската инвестициона банка се распределуваат на општините, како неповратни/ грант средства.
Со одлуката на општина Дебрца се распределуваат вкупно 537.644 евра.
Одобрените средства општината ќе ги искористи за аплицираниот проект- изградба на секундарна/ улична канализациона мрежа во село Требеништа.