Dec 31, 2024
Во село Ботун завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор, а во еден дел подигнато е и опремено мини детско катче/игралиште.
Вкупната вредност на работите изнесува 335.710 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Dec 27, 2024
На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2025 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500,000 денари од кој 50.824,154 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2025 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 25, 2024
Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.
Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.

Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните семејства, како и многу успех, среќа и здравје во текот на 2025 година.
Со оваа иницијатива, Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца продолжува со своите напори за подобрување на условите за живот на своите најмлади жители и поддршка на образовниот процес во локалната заедница.
Dec 19, 2024
Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора.
Општина Дебрца редовно ги поддржува младите фудбалерки и оваа година го обезбедивме превозот на екипата до Црна Гора.
Особено не радува моментот од сликите на кои младите фудбалерки покрај македонското знаме во Плевља го развеаа и знамето на општина Дебрца.

Браво девојки!
Dec 4, 2024
Во текот на Вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени.
Учесниците беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија.

Учеснците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато.
Учесниците беа примени од страна на Градоначалникот Зоран Ногачески каде ја истакна заложбата на Општината за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој) како и негово прогласување за парк на природата и преземените активности на општината за промоција на истото, како и можностите за зголемен Економски развој од еко-туризмот.
Dec 3, 2024
Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење.
Ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.
Со ваквите проекти ги подобруваме условите за учење не само на сегашните,туку и на идните генерации.