Select Page
Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта на територијата на Општина Дебрца

Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта на територијата на Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.

Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.

Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните семејства, како и многу успех, среќа и здравје во текот на 2025 година.

Со оваа иницијатива, Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца продолжува со своите напори за подобрување на условите за живот на своите најмлади жители и поддршка на образовниот процес во локалната заедница.

Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора- поддржани од Општина Дебрца

Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора- поддржани од Општина Дебрца

Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора.

Општина Дебрца редовно ги поддржува младите фудбалерки и оваа година го обезбедивме превозот на екипата до Црна Гора.

Особено не радува моментот од сликите на кои младите фудбалерки покрај македонското знаме во Плевља го развеаа и знамето на општина Дебрца.

Браво девојки!

Посета на општина Дебрца од страна на учесницте во проектот Fast Forward –  младинска размена од Еразмус проект

Посета на општина Дебрца од страна на учесницте во проектот Fast Forward – младинска размена од Еразмус проект

Во текот на Вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени.

Учесниците  беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија.

Учеснците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато.

Учесниците беа примени од страна на Градоначалникот Зоран Ногачески каде ја истакна заложбата на Општината за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој) како и негово прогласување за парк на природата и преземените активности на општината за промоција на истото, како и можностите за зголемен Економски развој од еко-туризмот.

Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење

Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење

Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење.

Ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.

Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.

Со ваквите проекти ги подобруваме условите за учење не само на сегашните,туку и на идните генерации.

 

ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА

ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА

На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.

Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство.

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.

Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец,санација на постојните клупи ,поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување.

Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.